canceled

Саемот за венчавки традиционално и оваа година ќе се одржи во хотелот Александар Палас во периодот од 25 до 27 март. На саемот ќе има над 50 изложувачи од сите категории кои се неопходни за организирање на свадбениот ден.

Венчаници, свадбени кондури, накит и аксесоари

Веруваме дека изборот на венчаница е една од најголемите грижи на секоја идна невеста. Токму на таа тема на овогодинешниот саем ќе имаме досега најголема понуда.

Од модни брендови кои досега сме можеле да ги видиме само на интернет до новите колекции на најеминетните македонски дизајнери сето тоа на едно место. Од македонските дизајнери ќе спомнеме неколку: Антонија Ристовска, Пепика Атеље, , Нена Конели,Елена Лука, , Атеље Жана, Моника Коцарева, Вера Монт, Атеље Соња Марија,Атеље Сонија , White Angels, Атеље Ана Даја Гри, КТН Атеље…Во делот на понудата од модни брендови за прв пат ќе имате можност да ги видите новите колекции од познати шпански и италијански брендови како Ману Гарсија, Ханибал Лагуна, Моника Лорети, Валерио Луна, а на саемот ќе има и по некој модел и на Вера Ванг и Проновиас.

Во делот на свадбените кондури идните невести ќе можат да одберат од специјалните модели (рачна изработка) на брендовите Диас, а за бурми и накит тука се најдобрите Адор Голд. За машкиот изглед тука се најдобрите Тивес и Сињори.

Декорации, фото студија, ресторани …

Без добар ресторан, декорација и секако некој тоа да го слика и снима свадбениот ден нема да биде совршен. Своите понуди за свадбена веселба ќе ги понудат и неколкуте ресторани како и фото студија и врвни декоратери за свадба 

На саемот свое учество ќе земат и неколку фирми кои се занимаваат со покани за свадба и фото бут.

Торти и колачи

Свадбената торта има посебно внимание, а за совршена торта треба да знаете дека ќе имате фантастичен избор. 

На свадба без подарок не се оди…Одберетe совршен подарок од Zepter затоа што младите го заслужуваат најдоброто во новиот почеток….

Свадбена шопинг картичка

Искористете ја можноста и аплицирајте за персонализирана шопинг картичка која ќе ви овозможи попуст кај нашите изложувачи се до денот на вашата свадба. Аплицирајте со име презиме и датум на свадба на меилот vobelo.com@gmail.com

Ревии и програма

Саемот се отвора со свечена модна ревија на 25-март во 20ч каде како модели ќе се појават познати личности од нашата естрада (влез со карти во ограничен број во продажба на купикартизасе). Сабота и недела на програмата има десетина модни ревии и перформанси, а за изгледот на моделите ќе се погрижат од Арт студиото за убавина. Во делот на свадбена шминка и фризура Арт студио ќе ви овозможи и пробна шминка за да бидете сигурни во изборот. Влезниците се купуваат во самиот хотел и чинат 100 ден. , а поголемиот дел од посетителите со влезницата ќе добијат и по едно списание на магазинот “Убавина и Здравје”

Најубавиот викенд е свадбениот викенд Саем за венчавки 25-27 март х. Александар Палас

контакт за саем vobelo.com@gmail.com fb-vo belo instagram vo