Свадба за помнење! Викторија Лоба блескаше

Викендов свадба правеше Викторија Лоба. Како што веќе пишувавме таа пред некој викенд го склучи црковниот брак, а свадбената прослава се случи викендов. Весело и незаборавно како што и доликува на еден естраден уметник. За забават беше задолжен Ѓоко Таневски, но и невестата не издржа па и таа се фати за микрофонот. Лоба смени две венчаници кои беа креација на дизајнерката Моника Коцарева (саем за венчавки).