Свадбено патување од инстант лозови на дар

Се повеќе младенци се радуваат на СРЕЌА ПЛУС од подарени инстант лозови на свадба.

Најновите младоженци Душица и Димитар Гушески денес ги посетија просториите на Државна Лотароија, со добитен лоз Со среќа и на него премија од 60 000 денари. Двајцата редовни играчи на инстант лотарија, при планирање на својата свадба на поканата напишале дека би сакале да добијат инстант лозови. Душица од Гостивар и Димитар од Охрид, живеат во Скопје, а романтичната свадба ја прославиле во хотелот Десарет на крајбрежјето на Охридското езеро, на 26ти октомври.

Поголем број од гостите им донеле различни видови лозови, но токму на нивниот омилен инстант лоз – Со среќа, откриле добивка од 60.000 денари. Радосни решиле добивката да ја наменат за свадбено патување. Самите редовно носеле за подарок инстант лозови за свадба и по својот пример ќе продолжат да веруваат во среќата и даруваат инстант лозови, зашто инстантите навистина може да додадат среќа во среќните мигови.

Им посакуваме многу среќа во заедничкиот живот на нашите најнови младенци кои добија СРЕЌА ПЛУС на нивниот свадбен ден.

Трендот за дарување инстант лозови – СРЕЌА ПЛУС, не запозна со голем број млади брачни парови кои токму во најсреќните мигови се поврзаа со придобивките од игрите на среќа на Државна лотарија. Со радост очекуваме нови среќни младенци чии стории и свадбени фотографии ви ги пренесуваме со особено задоволство.