Свадбен пар на месецот, Долорес и Петар! Љубовта се роди во Австралија но татковината и семејството победија

Свадба на месецот!

Се запознаваат во Перт, Австралија каде што Долорес живеела, а Петар бил турист и уште од првиот момент било како да се знаат цел живот. По неколку години во врска на далечина, и скоро две години заедничко живеење во Австралија, двајцата се одлучуваат да се вратат во Македонија и да бидат блиску до нивните (големи) семејства.
По врската на далечина, селидбата и пандемијата, конечно ја прават својата свадба од соништата по 6 години заедно, а самата свадба беше одличен спој на бајка и журка!

Долорес носеше 2 венчаници од Ателје Жана, од кои едната беше раскошна, со уникатна надворешна корпа, а другата беше кратка и целата рачно везена со бисери и кристали.
Петар пак, носеше рачно изработен смокинг по мерка, од златните раце на добро познатиот чичко Борче.
Во своите свадбени фотографии Долорес и Петар го доловуваат духот на Скопје- нивниот дом, каде секогаш се враќаат каде и да одат.

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *