Прекрасен свадбен пар на неделата се Верица и Методи од Струмица. Верица е облечена во раскошна венчаница комбинирана од рококо и дезени од барок стилот, рачно изработена од дизајнерите на Миа Вединг Струмица. Со впечатлив детал во косата заедно со велот изгледот на Верица беше фасцинантен. Нејзиниот избраник Методи и малата Ева која носи фустан од Миа Кидс направија фотографии низ струмичките улици кои стилски не вратија низ вековите на урбаната мода.




