Со љубов, вино и песна…Свадбениот ден на Натка и Мартин

Годината 2018-та за Натка и Мартин ќе биде запаметена со крунисувањето на нивната десетгодишна љубов и зачекорување во брачните води.

Натка е професор по англиски јазик и докторант, а Мартин е дипломиран професор по физичко воспитување и постипломец на спортски менаџмент.

Свадбата се случи во Струмица во Хотел „Сириус“ под водство на групата „Тата Мата“ и познатиот Гоце Синтезис.
За нивниот неверојатен изглед се погрижија модното студио ГАВСТИЛ од Струмица и бутикот “The Brothers” од Штип.
Љубов, вино и песна –
тројство за среќа вечна,
свадбено ѕвоно кани,
за НАТКА и МАРТИН
ќе бидеме збрани.
На 1-ви Септември,
ќе биде свадбено доживување
од 19.30 .часот до зазорување.

Голема благодарност до Ице Беличев за убавите стихови.