Што ќе носат невестите 2019?

Доколку вашата свадба е закажана за следната пролет или лето, тогаш време е да почнете да го барате совршениот фустан во кој ќе блеснете и ќе се чувствувате подобро од кога и да е.

Деновиве се одржува Bridal Fashion Week во Њујорк каде некои од најпознатите дизајнери ги прикажаа новите колекции кои во себе содржат исклучителни парчиња.

Galia Lahav
Galia Lahav
Cushnie
Cushnie

Без разлика што барате, во нивните колекции дефинитивно ќе го најдете совршениот фустан за вас во кој ќе се чувствувате прекрасно на денот на вашата свадба.

Monique Lhuillier
Monique Lhuillier

Она што е интересно оваа година е тоа што дизајнерите сè повеќе се оттргнуваат од стандардниот крој на венчаници и на девојките им нудат нешто поразлично и уникатно.

Ateliere Pronovias
Ateliere Pronovias
Galia Lahav
Galia Lahav
Victor&Rolf
Victor&Rolf

Погледнете само дел од она што познатите креатори го понудија на Bridal Week, а вистинската понуда кај нас е на 9тиот Саем за венчавки кој и оваа година ќе се одржи при крајот на февруар или почетокот на март.