12 едноставни правила за да бидеш сопруг на мојата ќерка!!!

Секој татко сака да биде совршен пример за неговата ќерка. Како добар и грижлив татко внимава да ги прикаже оние карактеристики за кои смета дека неговата ќерка треба да ги бара во нејзиниот иден партнер и сопруг. Еве неколку работи на кои татковците ги учат своите ќерки:

1.Заслужува некој кој ќе ја почитува!

Заслужува некој кој ќе ја почитува и третира како еднаква на него, исто како што и нејзиниот татко ја почитувал.

2.Заслужува некој кој верува во неа!

Заслужува некој кој секогаш ќе ја мотивира, никогаш нема да се посомнева во нејзините соништа и цели и ке ја охрабри доколку таа ја загуби довербата во себе.

3.Заслужува некој на кој може да му верува!

Заслужува некој кој со секој ден ќе и влева се повеќе доверба, бијеки довербата е клучна во заедничкиот живот.

4.Заслужува некој кој е посветен на семејството!

Заслужува некој кој ќе биде посветен на семејството, некој кој си игра со малите деца, некој кој и помага на својата жена во домашните обврски, некој кој го почитува зборот на своите родители.

5.Заслужува некој кој ќе го цени нејзиното мислење!

Заслужува некој кој кога има проблем или се соочува со потешкотија ќе ѝ се обрати неа бидејќи ѝ верува и го цени нејзиното мислење.

6.Заслужува некој кој ќе биде искрен со неа, и добронамерно ќе ја критикува!

Заслужува некој кој ќе биде искрен со неа, кој ќе и мисли само добро и кој за нејзино добро ќе знае да и даде критика да ја наведе на подобар пат.

7.Заслужува некој кој ќе признае кога греши!

Заслужува некој кој знае да признае и да се извини за своите грешки, бидејќи човечки е да се згреши.

8.Заслужува некој кој знае да покаже емоции!

Заслужува некој кој нема да го негува своето скапоцено машко его, и ќе знае отворено да зборува за тоа како се чувствува. Некој кој ќе знае да ги покаже своите емоции и нема да се плаши што другите мислат за неговата нежност.

9.Заслужува некој кој ќе знае да ја ислуша!

Заслужува некој кој ќе биде добар слушател, кој кога таа ќе има лош ден или период кога работите нема да и идат од рака, тој секогаш ќе биде покрај неа да ја прегрне и да ја ислуша.

10.Заслужува некој кој ќе ја вреднува, сака и заштитува!

Заслужува некој кој ќе се потруди да ја заштити од секое зло на земјата. Таа не смее да се задоволи со ништо помалку од љубов и заштита.

11.Заслужува некој кој знае да биде сериозен!

Заслужува некој кој може има смисла за хумор и да знае да се забавува до зори, но кога животот ќе побара од него да ги сфати работите сериозно, тој мора да го направи тоа.

12.Заслужува некој кој е паметен и вреден!

Заслужува некој кој напорно ќе работи за да му обезбеди сигурност на своето семејство.