October 15, 2024

Среќен Роденден „7even weddings&events“!
Нека се кренат чашите за живот исполнет со убавина

Колку вљубени рекле „да“, колку ли само се заколнале на вечност во ресторанот „7even weddings&events“? И убаво е кога се слави љубовта, уште поубаво ако се слави и роденден.
Е да, „7even weddings&events“ во Штип го прослави првиот роденден, година на предизвици, убавина, емоција и успех. За годините велат, не се важни, ниту, пак, се бројат. Важно е што се случувало во таа година, колку многу спомени се направиле во веселбите кои не се добројуваат.
Ако е така, „7even weddings&events“ во изминатава година направи многу спомени, убави спомени за прераскажување.
Емоција, радост, надеж, желби, живот, сето тоа е вткаено во ѕидовите на овој ресторан преполн со љубов.
За младоженците-љубов, за родителите- радост, за гурманите- вкус, за гостите- сигурност, дека кога се тука не треба да се грижат за ништо, се е подредено за создавање на убави моменти.
А за романтичните? За нив неодолив поглед, кој го сервира градот на дланка и олтар убав како во бајка. За естетите- простор на кој не може да му се најде маана. А за неверниците, кои се уште се мислат- покана, повелете дојдете да се уверите од пречекот на насмеаниот персонал, па се понатаму.

Свадбите се преубави, мекиците се највесели, жените за „8 март“ се пресреќни, а другите значајни семејни датуми се вистински предизвик.
И што уште да се посака, а што не се случило изминатава година? Секако дека има, но тоа е дел од изненадувањето за сите кои своите значајни датуми сакаат да ги одбележат токму тука. Секако дека следува нова фаза од развојот на „7even weddings&events“, продолжение на приказната со дополнување на нови моменти.

Среќен роденден „7even weddings&events“! Нека се кренат чашите за здравје, за среќа, за живот исполнет со убавини….

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *