Нашите дизајнери наша гордост-Саем за Венчавки-Кадора Атеље

Македонските дизајнери слободно можеме да кажеме дека го држат светскиот тренд посебно кога станува збор за невестинските колекции.

Секако саемот за венчавки е најдоброто место каде што можете да ги погледнете новите колекции.

Горди на нашите саемски изложувачи ви ја претставуваме новата колекција од Кадора.

Кадора реши повторно да ни приреди изненадување со колекција сензулани невестински фустани, и најавува промотивни цени за сите венчаници и 20% на нарачки.
За сите невести кои сеуште не го одбрале фустанот на својот живот ја имаат оваа можност да поседуваат Кадора уникатен фустан кој ќе ги однесе до олтарот на еден раскошен начин.

Да признаеме Кадора освојува со деликатни и сензуални венчаници кои умеат на софистициран начин да ја истакнат женската фигура. Новата колекција 2019 на Кадора се состои од рачно изработени креации.

Колекцијата создава ново чувство на страст, гламур и смела употреба на интензивен артистички приод кон дизајнот.

Еден од многуте трендови во оваа колекција е темата на рачно креирање на ткаенини“ – велат од брендот.