September 18, 2024

Со богата програма и со најдобрите претставници од свадбената индустрија на 21 февруари се отвора традиционалниот Саем за Венчавки “Wedding Expo25”. Ова ќе биде 13то издание на саемот, а по традиција ќе се одржи во хотелот Александар Палас. Саемот ќе ги отвори вратите за посетителите во петок на 21ти во 18ч. а ќе трае до 23ти недела до 18ч.

На настанот ќе земат учество голем број на изложувачи од сите сфери на свадбената индустрија (дизајнери и атељеа за венчаници, ресторани, музички групи, покани, бурми и накит, подароци, декорации за свадба, фотографи, костуми и обувки итн) односно се што е неопходно за организирање на свадбената прослава. Контакт за букирање на простор за изложувач contact@vobelo.mk vobelo.com@gmail.com

Саемот е од изложбено продажен карактер, па така идните младенци ќе имаат можност да ги видат, пробаат и купат своите венчанци, костуми, бурми, да договорат термин за свадба, да букираат бенд, да си обезбедат покани и декорација, фотограф, да пронајдат уникатни подароци за девериците, кумовите и др.
Богатата програма започнува во петок со модната ревија на “Познатите во венчаници и костуми”. Посетителите ќе имаат можност да видат многу познати ликови како модели на венчаници и костуми.
Целата програма ќе биде збогатена и со индивидуални ревии (сабота и недела) како и настап на познати музички бендови.

Влезниците за саемот ќе се продаваат на самиот влез во хотелот како и он лајн, а цената ќе биде симболична 150ден. Со купувањето на билетот се станува и потенцијален добитник на голем број подароци кои ќе се извлекуваат за време на настанот. За идните невести ќе има и голем број на саемски попусти кои несомнено ќе ви го заштедат семејниот буџет.
Организатор на настанот е интернет порталот за културата на венчавките www.vobelo.mk

Моника Црнокрак во креација на Ареље Жана

Ревијална вечер "Wedding Expo Skopje" House of White
Ревијална вечер “Wedding Expo Skopje”
House of White

Барбара Поповиќ во креација на Атеље Жана
Барбара Поповиќ во креација на Атеље Жана

Анастасија Стојанова во креација на Атеље Сидор
Анастасија Стојанова во креација на Атеље Сидор

Јоана Делова во креација на Атеље Сидор
Јоана Делова во креација на Атеље Сидор

Јелена Спасиќ во креација на М Кутур
Јелена Спасиќ во креација на М Кутур

Бојана Нушкова за Атеље Сониа
Бојана Нушкова за Атеље Сониа

Сара Дојчиновска во моделот “Blossom” од Екатерина Атеље

Марјана Станојковска во креација на Даниела ди Марино за White Angels
Марјана Станојковска во креација на Даниела ди Марино за White Angels

Јована Трајковска во креација на Серена Брајдл за White Angels
Јована Трајковска во креација на Серена Брајдл за White Angels

Анѓела Јакимовска во креација на Атеље Жана
Анѓела Јакимовска во креација на Атеље Жана