September 15, 2024
Меланиа и Виктор

Љубовта на Меланиа и Виктор како од филмска бајка!
Заедно сме веќе 9 години, од 2015 година. Се запознавме уште како деца – јас имав 16, а тој 20 години. Низ годините се изградивме и како индивидуални личности и како пар. Јас работам како UX/UI дизајнер, а тој како фотограф на различни проекти и свадби, како во Македонија, така и во Франција, Италија, Норвешка и Шведска.
Секојдневно се поддржуваме и се надополнуваме во нашите кариери. Иако планиравме живот заедно, тој успеа да ме изненади со неочекувано запросување.

Запросувањето беше како од филм, во негов стил. Една вечер, договорени со пријатели, отидовме во Магнолија Ресорт за спа вечер и релаксација. Одеднаш светлата почнаа да трепкаат и кога се вратија, тој стоеше со прстен во рацете и ми го постави прашањето. Се разбира, мојот одговор беше најголемо ДА. Тоа е момент кој секогаш ќе го паметам.

Нашиот свадбен ден беше уште поубав. Одлучивме да ја одржиме прославата во Магнолија Ресорт, на истото место каде што се случи запросувањето. Не згрешивме. Погледот, природата, атмосферата и фамилијата го направија денот совршен. Театро Бенд ја подигна забавата на високо ниво, создавајќи незаборавни моменти за сите присутни. Местото беше магично, со декорациите на Биле Гапева, на која сме многу благодарни. Фотографиите ги направи Дејан Крстевски, а за видеото кое не остави без зборови е заслужен Кристијан Георгиев.

Венчаницата од Atelje Zana Bridal ме направи да се чувствувам како принцеза – беше сè што отсекогаш посакував. Виктор избра одело од Bitsiani, во негов стил.
Честитки од се срце и од тимот на порталот Во Бело, а доколку имате потреба од организирање настан посетете ја www.go2event.mk