Пред да кажете ДА, поразговарајте со партнерот за овие работи

Многу парови чекаат до свршувачката за да почнат да разговараат за сериозните животни теми. Но, терапевтот за врски Лендис Бејар вели дека подобро е за тие теми да се зборува претходно.

Работи за кои мора да разговарате, пред да се свршите:

Деца

Мора да разговарате дали воопшто сакате деца и ако сакате колку сакате, на колку години сакате, како би пристапиле кон родителството, какво искуство сте имале вие со вашите родители, какви ви беа врските со родителите кога растевте, а какви се сега…

Лендис вели дека добро е некогаш и да почувате деца на некои ваши роднини и пријатели за да видите со партнерот како ќе се сложувате во поглед на тоа.

Пари

Луѓето не сакаат да зборуваат многу за пари, тие се како табу тема, но финансиите влијаат на секој аспект од животот, па дури и да не планирате да го спојувате приходот со оној на партнерот по венчавката, треба да зборувате за тоа.

Мора да знаете што значат парите за него, како се гледало на материјалните работи во неговото семејство и да дознаете дали за него парите се извор на сигурност или извор на стрес.

Сето тоа ќе влијае на начинот на кој ги трошите, штедите или инвестирате парите во животот и на емоциите и однесувањето во иднина.

Вашите родители и браќа/сестри

Мора да разговарате на тема семејство за да сфатите колку вашиот партнер ќе сака вашите семејства да се вклучени во вашето секојдневие во иднина. Кога ќе креирате свое семејство, колку време и внимание ќе им посветувате на вашите родители, браќа, сестри… Ако имате различни ставови околку ова, тогаш може да имате проблем.

Колку често би сакале да се гледате со нив, колку би им дозволиле да влијаат на воспитувањето на децата кои би ги имале, дали тие некогаш ќе живеат со вас… Мора да разговарате отворено за да видите каде ќе биде потребен компромис.

Културолошки и религиски разлики

Ова може да биде едноставна тема ако имате иста позадина, но ако немате иста религија тоа може да биде проблем ако не правите комромиси.

Исто така, ако сакате да имате семејство треба да разговарате какви културолошки и религиски навики би им всадувале на вашите деца.

Секс

Иако сексот изгледа како едноставна тема за која не треба да се разговара, експертот за врски Лендис вели дека убаво е да се зборува за очекувањата на поле интимен живот во брак.

Може да има разлики во либидото, во очекувањата од тоа како треба да изгледа сексуалниот живот и сето тоа да биде причина за конфликти и незадоволство.