April 19, 2024

Од Дневникот На Идна Невеста-Збогум Презиме!

Искрено И Вистинито од пенкалото на Ина

Дилемата на идните невести-моето, твоето или двете?

Од дневникот!

Никогаш не размислував на темата што ќе правам со презимето кога ќе се омажам. Кога бев мала, баш и не си го сакав името па ни презимето иако беа кратки и невобичаени за околината.

Обично морав по неколку пати да повторувам како се викам и да одговарам на шеги од типот- тоа е име или надимак.

Меѓутоа како растев разбрав колку е предност да имаш егзотично име и презиме. Ми се допаѓаше што помеѓу другарките, Елена, Ивана итн. , јас бев Ина.

И тогаш дојде време да се мажам и да мислам што со презимето. Никогаш нешто посебно не ми се допаѓаше идејата за додавање на презимето.

На моето кратко име и презиме додавањето ама баш ич нема да стои. Но кога некое машко во неврзан разговор ќе каже колку го нервира кога жените имаат две презимиња во стилот ” ајде одлучи се” секогаш ги бранев девојките кои тоа го одбрале.

Аргументирано и ревносно секогаш кажував дека е тоа најдобар компромис. И стварно тоа го мислам, само што во мојата ситуација е неприфатливо.

Не е мала работа…

Да се разбереме, откажувањето од презимето воопшто не е мала работа. Па го носам откако знам за себеси, сите документи, дипломи, секаде каде што оставив некаков пишан траг, се е потпишано со моето презиме.

Тоа презиме е дел од мојата личност, мојот идентитет. Како да се одречам од него, да го заменам или пак да му додадам уште едно? Како? Ги истражив опциите. Да го задржам своето и да се правам луда ич не ми се допадна.

Се мажам и сакам целото семејство да имаме исто презиме, немам некое образложение, само сакам. Ова едноставно ми ја остава единствената опција да го отфрчам моето и да го земам презимето на мажот.

Долго размислував, мојот вереник е доста либерален и ми рече како сакаш ( што баш и не ми помогна). И така мислев и мислев, а времето до свадба се ближеше.

Тато…

Во еден разговор со мојот татко му ги раскажав недоумиците кои ги имам. Тато е традиционален и неговото мислење е дека треба да го земам презимето од мажот и да не изведувам бесни глисти.

Споревме се објаснувавме, а на крај ми остана една реченица која тој ми ја кажа: доколку цел идентитет ти се базира на презиметот еб.ш таков идентитет. Чекај,а дипломите, пасошот, лична карта…
И така дојде денот, застанавме пред матичар, а таа ме прашува што со презимето. Се спремам да и кажам”уште не сум размислила” но се слушнав како кажав: го земам неговото” Таа си запиша нормално како ништо да не се случило.

Кога излеговме мојот иден маж со тоа свое презиме ме гледа баш онака забезекнато” Па ништо не ми кажа за одлуката” ми вели тој, фора е што јас ни себеси не си кажав.

Одлуката сама се донесе и затоа збогум пррезиме, чао лична карта, пасош и презимето на сите тие фенси благодарници, дипломи итн. Добредојде мој нов идентитет во ко јас сум си пак истата јас, само со една нова димензија-како сопруга. Разбрав дека не го изгубив идентитетот напротив презимето сега е како симбол на заедништво и семејство кое сега го основаме. А тоа е најважно!!! Сепак тоа сум јас Ина.

извор- блог за свадба