March 25, 2024

Старите неретко знаат да кажат: секоја куќа – свој адет. Обично, кога се подготвува свадба, токму и највозрасните имаат да кажат за некој обичај кој мора да се испочитува и зошто е добро истиот да се направи.

Но, колку и да се разликуваат обичаите од еден до друг крај во нашата земја, има неколку кои се општоприфатени и се дел од секоја македонска венчавка.Адетите кои обично се прават во домот на невестата се ставањето пари во чевли на невестата од страна на деверот, во куќата на невестата се крши погача меѓу сватовите, а најблиските на невестата бараат откуп на врата од деверот како зетот би ја добил неговата најсакана невеста.

ador gold
ador gold

Познат е и обичајот зетот да добие шлаканица од сестрата на невестата за да биде послушен во бракот.

Во западна Македонија има и обичај на денот на веридбата или венчавката да се измешаат домашните вина на двете фамилии, бидејќи со стапувањето во брак им се меша и крвта.

Во некои краеви пред да влезе младоженецот, невестата од прозорецот или од вратата го гледа низ вереничкиот прстен три пати изговарајќи: „Низ прстен те гледам, во срце да ти влезам!“

баба 3д студио
баба 3д студио

Младоженецот треба да испие чаша црвено вино во куќата на невестата, а на дното на чашата треба да има златник кој младоженецот го задржува како симбол за благосостојба.

Кога зетот и невестата излегуваат од домот на невестата, треба да турнат по една чаша вода, за сѐ лесно да им оди во бракот, а невестата не смее да гледа назад, како никогаш не би се вратила во татковиот дом.И во матично или в црква, треба да внимавате да не се сретнете со друга невеста.

Доколку сакате само да ја испочитувате традицијата во православните храмови, тогаш внимавајте на следниве неколку нешта:

Во зависност од тоа во која епархија се наоѓа црквата во која ќе се венчавате, може да има разлики во однос на обврските и обичаите.

Во црква, венчавката ја плаќаат таткото на невестата, зетот, кумот и деверот.За време на пости, поповите не венчаваат.

Обврска на кумот е да носи свеќи, големи крпи, погача, вино, материјал со кој би се заврзале рацете на младите. Во црквата, кумата фрла ориз, овес, јачмен, бонбони, монети.

Има обичај дека деверот треба да е неженет и тој да ги носи бурмите. Некаде се практикува, помало дете да го носи перничето со бурмите.

Адор Голд на саемот за венчавки

Еден стар адет од Источна Македонија вели дека во црква не смеете да пуштите ниту солза радосница.