March 25, 2024

Голем број немажени девојки посакуваат на свадба да го фатат бидермаерот.

Така било и со девојката по име Рејчел Бисли која на венчавката од Челси и Мет Бест во англискиот град Нортемптон минатата сабота, стоела зад младоженците и го фатила букетот.

Желбата и се остварила и бидермаерот паднал точно во нејзините раце, но на реакцијата од нејзиното момче сигурно не се надевала.

Со оглед на тоа дека фаќањето на букетот се верува дека значи стапување во брак на девојката која го фатила, Даниел Гилберт со голема брзина започнал да трча кога видел дека токму неговата девојка била најсреќната.