April 24, 2024

Се одлучивте за брак.

Има некои работи кои секако мора да ги знаете пред да дојде тој важен ден. Кога за се ќе разговарате со саканиот и со самите себе, спремни сте за тој голем чекор. Еве за што станува збор.

Мора да бидете сигурни дека не се мажите само затоа што е тоа логичен след на вашата врска или затоа што веќе сите ваши пријателки се омажиле. Запрашајте се дали можете на негово место да замислите друг.

Го сакате таков каков што е. Нема да се смени после венчавката

Она што ве иритира кај вашиот сакан нема да се смени. Тој е ноќна птица, а вие најдобро функционирате наутро. Обожава научна фантастика, а вие сте луди по комедии. Прифатете ги разликите бидејќи потписот на хартија нема ништо да смени.

Сакате деца

Некои двојки сакаат да имаат минимум четири деца, а некои едвај можат да се замислат и со едно. Искрено поразговарајте што мислите на оваа тема и колку деца би сакале. Не се доведувајте во стресни ситуации затоа што ако не се договорите околу ова прашање, некој ќе биде многу несреќен.

Дали има нешто против да го задржите своето презиме

Не се сите жени подготвени да го земат презимето од сопругот. Пред вас има многу опции, можете да го додадете неговото, да го задржите само своето, да ги комбинирате двете и да си земете некое ново. Сите опции се во ред, но морате да се договорите.

Зошто раскинувал порано?

Ви зборува ли вашиот сакан за поранешните врски и како и поради што тие завршиле? Обрнете внимание на прилините заради се прекинувале неговите врски. Преоптовареност со работа, бекство од обврски или неверство. Ако се уште одржува пријателски односи со бившите, не полудувајте веднаш. Тоа може да е знак дека ги почитува жените кои ги имал во својот живот и дека нема што да крие.

Како да го заштитите својот имот

Кога се одлучувате на брак мора да се договорите и за тоа како ќе ги водите финансиите. Некои финансиски експерти советуваат да имате го имате следниот пристап: мое, твое и заедничко. Отворете заедничка сметка од која ќе ги плаќате сметките или на која ќе штедите за годишни одмори. Но секако заштитете си го имотот што сте го донеле во бракот.

Каде сакате да бидете за 15 години

Секако дека не треба да го испланирате целиот живот, но некои желби и надежи сигурно постојат. Било да е тоа желба за оснивање на компанија еден ден, за трчање маратон или за оснивање на големо семејство. Да имате своевиден план со поставени цели не е лошо. Исто така, треба да имате на ум дека се може да се смени и дека можеби ќе треба да бидете пофлексибилни. Со годините и искуството се менуваат потребите, интересите и желбите. Да се смени мислењето не значи дека сте слаби, туку дека сте подготвени за нови искуства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *