May 19, 2024

За невестата, венчаницата е можеби најважниот дел од свадбата, па не треба да нè изненади фактот дека девојките со месеци го одбираат совршениот модел.

Нo, ако знаете кои модели му стојат најдобро на обликот на вашето тело, многу полесно ќе го направите изборот.

Ако сте слабички и немате многу облини, ќе изгледате беспрекорно во венчаница со понизок струк која ќе го нагласи рамниот стомак и ќе ви ја истакне линијата на телото.

Девојки со облини и стомаче: А-крој

Ако имате облини, многу добро ќе ви стојат венчаниците со „А-крој“. Овие модели ќе ги нагласат вашите облини само онолку колку што треба, а истовремено ќе создадат совршена рамнотежа помеѓу горниот и долниот дел на телото.

Ако имате поголеми гради, одлично ќе ви стои венчаница со V-израз, како и модел со горен дел направен од чипка.

Генерално, венчаниците со ваков крој им стојат добро на сите, но дефинитивно најдобро на девојките со облини.

Девојки со широки колкови и рамена: „сирена крој“

Ако обликот на вашето тело е во форма на песочен часовник, тогаш најдобро ќе ви стои модел со таканаречен „сирена крој“.

Овие венчаници се залепени за телото до колената, а потоа здолништето се шири и наликува како перка на сирена.

Ако имате мали гради одберете модел со горен дел без градник, а ако имате поголеми гради одлично ќе ви стои модел со V-израз и градник.

Слаби девојки со помали облини – низок струк

Ако сте слаби и немате многу истакнати облини, ќе изгледате одлично во венчаница со понизок струк.

Овие модели ќе го нагласат рамниот стомак, но и ќе ја истакнат подобро фигурата и ќе ги направат облините повпечатливи.

Ниски девојки со облини: тесен модел

Овие венчаници се слични како моделите со „сирена крој“, само што долниот дел од здолништето не е многу широк.

Овие модели се одлични за пониски девојки бидејќи визуелно ја издолжуваат фигурата, особено во комбинација со високи штикли.

Покрај тоа, ваквите венчаници ќе стават акцент на вашите облини.

Девојки со кратко торзо: широк модел

Ако имате кратко торзо, одберете поширока венчаница која „паѓа“ слободно од половината надолу.

Овие модели визуелно ќе ви ја стеснат половината, а ќе ги нагласат колковите.

Ако имате мали гради, можете да одберете модел со горен дел со длабоко деколте кое почнува од половината. За поголеми гради, ќе изгледате одлично со корсет со V-израз.

Атлетски градени девојки – нагласена половина

Ако имате мускулесто тело, ќе изгледате одлично во венчаница со многу тантела и нагласена половина.

Најдобро е здолништето да биде пошироко, а корсетот со V-израз.

Се надеваме дека ви помогнавме, а секако најдобрите дизајнери на саемот за венчавки ќе ви помогнат во изборот на совршена венчаница

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *