December 5, 2024

Познато е дека секоја девојка сонува за денот на свадбата уште од мала, но тоа не е промена само за неа туку и за нејзиното семејство.

Денот кога ќерка ми се мажеше..

Емир Тица од Травник на денот на свадбата на неговата ќерка и напишал писмо во кое ги објаснува чувствата кои го облеале во тој момент.

Еве го во целост-” Денот кога ќерка ми се мажеше ми рече дека тој ден морам да молчам, врзани сме меѓусебнo на посебен начин и не сакаше да се расплаче кога ќе ја испраќам до олтарот.

Прифатив, но под услов додека патува кон новиот дом да и напишам писмо кое тогаш ќе го прочита” Писмото на Емир го расплака цел регион.

Еве го писмото

Ќерко…дојде моментот за кој знаев дека ќе дојде уште во онаа дамнешна неимвриска ноќ кога се роди… и не е баш онаков како го замислував пред 25 година.

И сега како треба нешто паметно да ти кажам…а всушност сите овие години всушност тоа и се обидував….Кога во своето прво фустанче падна пред зграда и си ги раскрвари колената, малку заплака, а те бодрев да станеш и да продолжиш…и тогаш кога ти ветив чоколадна торта ако заќутиш барем на две минути, а ти со ококорени очи после пола минута ми рече дека не можеш да ќутиш затоа што очите ќе ти излезат..

Кога во градинка ти дадоа кукла за да те сликаат, а ти така невешто ја држеше, знаев дека кога ќе пораснеш ќе бидеш вешта за други работи..И ни успеа и кога даваш инекции и кога сликаш селфи и кога возиш сето тоа ти оди одлично А, колку ме мразеа сите кога ја частев својата 16годишна ќерка со точено…

А јас само сакав да ти покажам како мангупите ќе те чекаат во стапица кога ќе пораснеш. И се начекаа знам, но не те уловија…Таткина школа. А колку се каравме еее…Се каравме одвреме навреме сите овие години и никогаш победник во тие кавги немаше затоа што некако и мојот и твојот јазик исто беа лајави, а потоа сите не гледаа чудно како после нерешената кавга со насмевка ќе завршевме разбирајки дека не сме исти, но сме толку слични што понекогаш боли.

И сега после се, дојде тој ден..моментот за кој знаев дека ќе дојде уште онаа ноемвриска ноќ кога се роди..а јас досега ти го кажав скоро се паметно што го знам… Си одиш од гнездото во самостоен живот и немам ништо ново да ти кажам но можам да ти повторам некои работи…

..Кога следниот пат ќе паднеш, можеби нема да бидам до тебе за да ти подадам рака да станеш, но стисни заби и подигни се..Кога некој од тебе ќе побара да ќутиш, земи ја онаа иста чоколадна торта и бапни му ја среде лице, намести ги рацете на половина и кажи му толку гласно “НЕМА” што ќе го заболи….

…Кога некои од новиве мангупи ќе се обидат да те вовлечат во некаква стапица, сети се како стариот твој ти објаснуваше за што се може да послужи средниот прст. И да знаеш некој можеби ќе зборат дека не си стручњак, неспособна или ваква или онаква..остави ги љубоморните нека патат во сопственото незнење и завист, подигни ја главата, фати го сопругот под рака и помини понатаму..не давај да те допрат тагите кои тие ги носат и не знаат што со нив..

…И немој да ги сечеш кривините..никогаш немој да ги сечеш, знам сега ќе речеш дека не го правиш тоа..и немој, стариот ќе ти каже една вистина..никогаш пократкиот пат не бил побрз и никогаш нема ни да биде! И никогаш немој да застанеш и да чекаш и да гледаш надоле..секогаш гледај и оди напред и нагоре, а ако поради тоа треба пак да бидеш гласна тогаш и биди, секогаш дај до знаење дека постоиш.

А човекот кој го одбра, знаеш што ќе ти кажам..разговарај секогаш и стално, за се. Никогаш немој да ќутиш со него затоа што тишината не е составен дел од љубовта, тишината е составен дел од тагата…

А ако понекогаш случајно или од некакви причини едноставно замолчиш, обавезно гледај да молчите заедно и кратко да трае. И знаеш кога сите овие години патувавме заедно ти кажував дека најубавиот дел од патувањето е всушност враќањето дома, сега ќе можеш кога доаѓаш надоле доаѓаш да видиш како е дома,а кога ќе си одиш од тука пак ќе ти биде враќање дома..Успеа еден сон да претвориш во живот!

Оди понатаму ќерко и сети на мама и на стариот твој понекогаш…..