Се верија Ченинг Тејтум и Зои Кравиц: На раката на ќерката на Лени Кравиц блесна прстен. Познатиот актер и миленик на жените Ченинг Тејтум и неговата колешка Зои Кравиц, ќерка на музичарот Лени Кравиц и актерката Лиза Бонет, решија да ја официјализираат својата врска.
Ченинг и Зои првпат беа видени заедно во 2021 година, а набрзо потврдија дека се во врска.
Иако не сакаат јавно да ја изложуваат својата интимност и не сакаат да зборуваат за нивната врска, извори блиски до парот за „Пипл“ изјавиле дека тие двајца се свршени.
Неодамна беа фотографирани како заминуваат од забава за Ноќта на вештерките, а многумина забележаа веренички прстен на раката на младата актерка.
Кравиц беше маскиран во Розмари Вудхаус од познатиот филм „Бебето на Розмари“, додека Тејтум беше маскиран во бебе.