April 17, 2024

На свадба со дете Да или Не?

Во моментот кога матичарот го прогласи бракот за склучен, шестгодишниот Марко викна на цел глас: Тето немој да се мажиш за Јован…и започна да плаче на цел глас.

И додека цела сала громогласно се смееше Маја зажали што не зема бејбиситерка. Но додека има торти за буткање, колачи, бомбони и роднини кои сакат малку да го поиграат знаеше дека на синот нема да му биде досадно.

Сигурно сте биле сведок на некоја ваква ситуација, а ако не тогаш сигурно сте ги виделе на некоја свадба како трчкаат наоколу, го прекинуваат орото кога ќе им текна, грицкаат од нечија торта итн.

Еве неколку совети ако сте со дете на нечија свадба..

Секогаш барајте место во близина на врата
Доколку вашетео дете е немирно и палаво, секогаш бирајте маса во близина на врата, а истото важи и за церемонија во црква или матично.
Подалеку од звучници
Гласната музика ги рстревожува малите деца, најдобро е да бидете подалеку од звучниците.
Деца помали од три години не треба да доаѓаат на свадба
Иако знаеме дека е тешко да се одвоите од нив сепак децата под три години не се за свадба. најдобро би било да ги донесете првите половина час додека трае приемот, а потоа да најдете некого кој ќе ви го причува. Подобро за нив но и за вас.
Дотерајте го вашето дете но не заборавајте дека лесно може да се исфлека, затоа без нервоза.
Доколку има повеќе деца, разговарајте со младенците да повикаат аниматор на свадбата. Оставете им го холот за нивна забава.

Сепак свадбите нема да бидат ни толку убави, а ни забавни ако ги нема најмалите зар не?!