May 8, 2024

Саемот за венчавки во своето 12то издание ги опревда очекувањата на над 2500 посетители но и на 40те изложувачи кои навистина имаа што да покажат.

Јоана и Софија во креации на Атеље Сидор
Јоана и Софија во креации на Атеље Сидор
Домаќин и водител на настанот оваа година беше прекрасната водителка Сања Савевска која во сите три дена ги водеше индивидуалните ревии, насатапи но често беше и помеѓу гостите и штандовите и со својот шарм допринесе за позитвната атмосфера.
Сања Савевска-шарманта и прекрасна дама во креација на Мкутур
Сања Савевска-шарманта и прекрасна дама во креација на Мкутур
Ревијалната вечер се отвори со настапот на гудачкиот оркестар на Пламенка Трајковска со што се даде белег на свеченост и гламур. Водителката Сања се обиде и да запее (не толку успешно) но затоа од публиката и се придружија Три Џентлмени (Трио Џентлмен) и со наш познат евегрин го отворија официјалниот дел на вечерта.
Пламенка Трајковска и нејзиниот гудачки оркестар
Пламенка Трајковска и нејзиниот гудачки оркестар

Трио Џентлмен и се придружија од публика на Сања и заедно ја испеаја "Штом се Сака"
Трио Џентлмен и се придружија од публика на Сања и заедно ја испеаја “Штом се Сака”
Ревијата познатите во венчаници е секогаш најважниот дел од првата вечер на саемот, па така 20тина наши познати естрадни ликови продефилираа во венчаници, костуми и ексклузивен накит од Адор Голд.
Светлана Црнокрак и Миро Кацаров како модели на Атеље Жана и Тивес
Светлана Црнокрак и Миро Кацаров како модели на Атеље Жана и Тивес

Моника Црнокрак во креација на Ареље Жана
Моника Црнокрак во креација на Ареље Жана

Анѓела Јакимовска во креација на Атеље Жана
Анѓела Јакимовска во креација на Атеље Жана
Анастасија и Јоана во креација на Атеље Сидор
Анастасија и Јоана во креација на Атеље Сидор
Ревијална вечер "Wedding Expo Skopje" House of White
Ревијална вечер “Wedding Expo Skopje”
House of White
Ревијална вечер "Wedding Expo Skopje" House of White
Ревијална вечер “Wedding Expo Skopje”
House of White
Јована Трајковска во креација на Серена Брајдл за White Angels
Јована Трајковска во креација на Серена Брајдл за White Angels
Марјана Станојковска во креација на Моника Лоретти за White Angels
Марјана Станојковска во креација на Моника Лоретти за White Angels
Марјана Станојковска во креација на Даниела ди Марино за White Angels
Марјана Станојковска во креација на Даниела ди Марино за White Angels
Анастасија Стојанова во креација на Атеље Сидор
Анастасија Стојанова во креација на Атеље Сидор
Анастасија и Јоана во креација на Атеље Сидор
Анастасија и Јоана во креација на Атеље Сидор
Јоана Делова во креација на Атеље Сидор
Јоана Делова во креација на Атеље Сидор
Стефанија Димеска во моделот "Pearl Waterfall" за Екатерина Атеље
Стефанија Димеска во моделот “Pearl Waterfall” за Екатерина Атеље
Сара Дојчиновска во моделот "Blossom" од Екатерина Атеље
Сара Дојчиновска во моделот “Blossom” од Екатерина Атеље
Сара Дојчиновска во моделот "Blossom" од Екатерина Атеље
Сара Дојчиновска во моделот “Blossom” од Екатерина Атеље
Јелена Спасиќ во креација на М Кутур
Јелена Спасиќ во креација на М Кутур
Ангела Георгиева во креација на М Кутур
Ангела Георгиева во креација на М Кутур

Јелена Спасиќ во креација на М Кутур
Јелена Спасиќ во креација на М Кутур
Пред дефилето на сите модели со свој настап се појави и младата и популарна пејачка Барбара Поповиќ.
Барбара Поповиќ во креација на Атеље Жана
Барбара Поповиќ во креација на Атеље Жана
Крајот на вечерта го завршивме со чаша шампањ и во исклучително добро расположение веќе се подготвувавме за сабота и недела.


Куриозитет на вечерта беше кога младо момче ја прекина ревијата и на главниот стејџ ја побара саканата за жена, тоа се случуваше ддодека трите сетри на Марија Костовска ја претставуваа новата колекција Грацибор.

Ване ја запроси Моника на сцена
Ване ја запроси Моника на сцена

Прекрасната бина која е секогаш дело на високо професионалниот тим на Инфомедиа системи не остана празна и останатите два дена, па гостите кои ги имаше во огромен број уживаа во настапите на Стефан Сакс, Пламенка Трајковска, Харизма Бенд и Хепи енд Бенд, а неделата беше предвидена за модните ревии на Монсоло, Марија Костовска Вајт и Адор Голд.
Стефан Сакс ги придружуваше на сцена моделите
Стефан Сакс ги придружуваше на сцена моделите
На саемот имаше навситина огромна понуда на се она што е неопходно за да се организира свадбениот ден, доминираа веначниците, а во тој избор идните невести можеа да видат и пробаат фустани од најдобрите македонски дизајнери па се до светски брендови како Берат, Моника Лорети, Даниела ди Марино и др. Идните младенци одбраа и свои фотографи, покани, декорации, разубавување, специјално рачно изработени кондури, одела, кетеринг, слатки ситници па се до аниматори на деца на свадбени прослави. Посебен дојам оставија неколкуте студиа за декорации кои го оплеменија просторот и направија вистинска бајка. Шампањ Ѕидот беше посебна атракција и е совршен избор за пречек на гостите, а фотобутот беше едно од најпосетуваните локации на саемот. На саемот не изостанаа и луксузните парфеми на Мезон ди Парфем, како и подароците од Зептер кои се едни од најпоскауваните за идните младенци. Сепак можеби најфотографирана беше прекрасната Буба кабриолет специјално декорирана и подготвена да ги однесе младите на едно прекрасно свадбено патување. Еве мала галерија на фотографии и видеа од саемските денови, им благодариме од се срце на посетителите и најголема благодарност до изложувачите кои веќе 12 години заедно са нас веруваат во оваа прекрасна љубовна приказна наречена СВАДБА.
Се гледаме догодина пак, уште поголеми и со уште побогата програма. Ве сака вашата ВО БЕЛО.