April 23, 2024

https://predragdjuknic.com/

Оваа година саемот за венчавки беше интернационален, а со тоа имавме можност да погледнеме и креации на дизјанери кои досега не сме биле во можност да ги видиме.

https://predragdjuknic.com/

Предраг Дјукниќ -Дјук е еден од најбараните дизајнери во Србија-Белград но неговите венчаници се дел и од светските модни шоуа како оние во Барселона, Лондон…

На саемот главен адут во презентацијата на новата колекција беше Милена Атанасовска-Канал5 која беше облечена во ултра провокативна венчаница.

https://predragdjuknic.com/

Предраг очигледно го погодил вкусот на нашите невести, а доказ беше преполниот штанд и дестина идни невести кои за својата свадба одбраа токму негова венчаница.

https://predragdjuknic.com/

Прекрасните и гостопримливи девојки како и самиот дизајнер неуморно делеа совети на девојките кои ги пробуваа нивните креации, а позитивните оцени за нас како организатори ни покажаа дека сме на вистинскиот пат да бидеме најдобри на балканот во сферата на Wedding Expo.