Кога се земаа, кога се оставија?

Иако се вели дека парот се разделил поради работа, во холивудските кругови се шират озборувања дека тоа не е се’…

Ненадејната венчавка на Џенифер Лопез и Бен Афлек во Лас Вегас ги воодушеви нивните фанови, а потоа со денови се соделуваа прекрасни фотографии од нивниот романтичен меден месец во Париз. Сепак, деновите на бакнежи и нежности се зад нив и сега е време за – бизнис!

Како што пишуваат американските медиуми, парот одлучил во наредниот период да поминува време разделено бидејќи мора да се посветат на својата успешна кариера.

Hollywood Life тврди дека Бен и Џеј Ло се договориле да се разделат и со тоа дополнително да ги зајакнат бракот и љубовта.
– Тие секогаш разговараат, си испраќаат пораки, се слушаат преку видео повици. Времето што го поминуваат одвоено го прави повторното обединување уште подобро – тврди извор близок до „Бенифер“.

– Разделбата толку брзо по венчавката не е идеална, но тие сакаат да го имаат целиот живот пред себе и да уживаат во секоја минута од тоа патување – додал неименуваниот извор.

Меѓутоа, во Холивуд веќе кружат гласини дека ова не е целата приказна и дека Џенифер побарала од Афлек да побара стручна помош за зависноста од алкохол, која актерот неодамна изјави дека ја надминал.

Како што е познато, Џеј Ло во моментов има многу деловни проекти: нови песни, работа на козметичка линија и филмот „Атлас“ во кој таа ја игра главната улога и го продуцира, а самиот Афлек има пет филма во подготовка.

Да потсетиме дека Џенифер и Бен се венчаа во јули, а латино ѕвездата го зеде презимето на нејзиниот сопруг.

„Бенифер“ го започна својот брачен живот на мала и интимна церемонија во Лас Вегас, а пејачката не криеше дека е многу радосна.

– Успеавме. Љубовта е убава. Љубовта е љубезна. Исто така, докажавме дека љубовта е трпелива. Ние сме трпеливи веќе дваесет години – рече Џенифер на својот блог и додаде дека нејзината венчавка со Бен Афлек била најдобрата ноќ во нивниот живот.