May 24, 2024

„Денот го започнав со големо смути од зеленчук, а потоа кумата ми даде малку од нејзината салата додека се подготвував“, рече Сем во видеото со наслов „Што јадев на денот на мојата свадба“. Вака ја започнува приказната за својата свадба познатата канадска инфлуенсерка Сем Кутлер. Таа на својата свадба гостите ги нудела со таблети против надуеност и зеленчук.
Додека се подготвуваа заедно со кумот и деверушите, на девојките им беше послужена голема чинија со сиров зеленчук, а по прославата ги почестија со остриги и специјалитет од авокадо. Како предјадење на гостите им беше послужена салата со леб без глутен од страна.

После тоа сите пиеја коцка мраз со лимон, за да прочистување на телото. Сем исто така се погрижи на секоја маса да има специјални таблети против надуеност. Главното јадење беше лосос со зеленчук, а колачот беше без глутен, млеко и шеќер.


Од пијалок се служеше специјален шампањ со два грама шеќер и Моет.
Многумина во коментарите ја нападнаа и се шегуваа дека ако тие биле поканети на венчавката би нарачале храна од Мекдоналдс. Имаше и такви кои ја бранеа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *