December 4, 2024

Секогаш во еуфоријата на свадбата и во периодот на

нејзината,подготовка,добродојдени се совети од сите оние кои веќе го поминале тиј убав свечен чин.

Често по свадбата, организаторите посакуваат да знаеле некои од работите на време, кои секако би им биле од голема помош и кои би им помогнале сето тоа да биде многу подобро и пофункционално. За да се избегнат грешки во организацијата и свадбената веселба да помине порелаксирано, еве неколку совети:

1. Преговарајте за цената

Секој пат имајте ја на памет моќта на муштеријата и никако немојте да ја потцените. На секој паритему се добродојдени, па така оној кој Ви ги нуди услугите секојпат кажува цена која би трпела корекција, односно, која би била повисока од понудената. Така, можете да заштедите одредена сума пари.

2. Редуцирајте ја листата на гости

Погледнете ја листата на гости уште еднаш и ќе видите дека дел од нив и не се така неопходни за да ги поканите. Секој гостин сам по себе е одредена сума пари, така што, кога ќе избришете од списокот неколку далечни роднини кои никогаш не сте ги запознале или некои пријатели од минатото, секако ќе добиете заштедена сумафинансиски средства која и не е за занемарување. Тие средства ќе ги искористите за нешто понеопходно. Значи, кога ќе ја правите листата на гостите, бидете селективни.

3. Побарајте помош од пријатели

За да заштедите време и нерви, слободно побарајте помош од блиски пријатели. Доделете им ги нив обврските околу помалку важните работи, како избор на декорација или кога треба да сеоднесат одредени работи некаде. Така ќе имате повеќе време за побитните детали, додека пријателите ќе се почувствуваат многу важни и ќе ја завршат работата со големо задоволство.

4. Не губете време премногу со детали

Најчесто оваа грешка ја прават невестите, коиобичноповеќе од младоженците обрнуваат внимание на деталите. Тоа до некаде е нормално, меѓутоа не е потребно да губите енергија на најмалите ситници, затоа што и онака многу мал дел од гостите ќе ги забележат.

5. Имајте при рака безопасни игли

Популарните безопасни игли можат да Ве спасат од многу непријатни ситуации. Без разлика дали ќе притребаат доколку случајно ви се скине дел од облеката, или едноставно треба да соберете дел од невестинскиот фустан, тие се секојпат добродојдени и имајте ги при рака

6. Одмарајте

Немојте цела недела пред свадбата да се истоштувате. Секако сте возбудени и сакате се да е во ред, меѓутоа одвојте малку време и за себе и складирајте енергија. Ќе Ви биде потребна кога ќе дојде убавиот ден

Одберете професионален фотограф
Во целодневната еуфорија ќе бидете растргнати на сите страни, па секако ќе Ви биде драго после свадбената веселба да ги видите моментите кои сте ги пропуштиле, ставени во професионално измонтиран видео-материјал и убави и квалитетни фотографии.

8. Направете список на обврски

Списокот на обврски е добар за две работи:едната е што нема во брзање да заборавите некои од битните работи што треба да се завршат, а другата е што дава убаво чувство на контрола врз работите и случувањата. Така ќе се чувствувате помирни и посигурни.

 

9. Јадете

Скоро сите организатори на свадбата, посебно младоженецот и невестата и нивните најблиски, забораваат да јадат во текот на денот. На крајот чувствуваат замор и глад, што ја зголемува истоштеноста. Затоа немојте да заборавите во текот на свадбата да прикаснуватебарем помалку. Така ќе ја зачувате енергијата до крајот на долгиот ден.

 

10. (За невестите) Запомнете, не сте супер-жена

 

И покрај сета волја и задоволство да стигнете секаде и се да направите беспрекорно, незабележливо губите енергија и сила, што ќе резултира на крајот од денот. Така, искористете го секој момент за одмор и сето она што не морате да го направите сама, доверете го на блиските.

 

11. Обрнете им внимание на гостите

Сепак, гостите се тие со кои треба да го споделите убавото време и целата среќа што тоа ја носи. Потрудете се почесто да бидете меѓу гостите. Тоа ќе допринесе сите да бидат повесели и поопуштени, што ќе ја направи убавината на вашата свадба.

 

12. УЖИВАЈТЕ

 

И на крајот, најубавиот совет: Саемот за венчавки 22-24 февруар е идеалното место за да ги решите сите свадбени грижи.