May 12, 2024

Прекрасната Бојана Скендеровски со свој настап ќе го збогати годинешното издание на “Wedding Expo Skopje”. Очекуваме спектакуларен настап на Бојана, а ве очекуваме и вас да не посетите во петок. Саемот за посетители е отворен од 17ч, а спектакуларното шоу ќе започне во 20ч со настапот на Бојана, а потоа следува и модната ревија “Познатите во венчаници”. Билетите можете да ги набавите на влез во хотелот Александар Палас или он лајн www.kupikartizase.com. Саемот својата програма ја продолжува и за време на викендот со работно време од 10 до 20ч.
Во меѓувреме ја прашавме кои се новитетите на професионален план на Бојана, а таа ни одговори:
За 8 ми Март настапувам во локалот “Камин Кама”
За 2 месеци ќе промовирам нова песна и спот,како продолжение на “Среќа и несреќа” ,”Ми треба” и “Сонце меѓу сенките” кои ги издадов минатата година,и се надевам крајот на 2023 ќе ја заокружам со солистички концерт,како круна на мојата 20 годишна кариера.
Честитки Бојана за новата песна од се срце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *