May 14, 2024

На саемот за венчавки во сабота и недела ќе имате можност да се забавувате со нашата реномирана група Happy End Bend.
Happy End Band e музичка приказна која трае од 2011-та година и во која се впишани многубројни настапи од секаков вид со секогаш презадоволна публика.
Happy End Band засега има пет авторски песни со свои видео записи. Секој од нашите синглови е во различен стил и со тоа докажуваме колку сакаме да експериментираме и уживаме во создавањето на музика и постојано да го шириме нашиот репертоар.
Во поглед на создавањето на музика и видео спотови, имаме соработка со најистакнатите композитори и текстописци во регионот. Би ги издвоиле Лазар Цветковски, Огнен Неделковски, Јован и Иван Јованов, Слаткар, Ташко Грујовски, Фабрика продукција и Владислав Гавриловски.
Покрај авторската музика, на нашите настапи изведуваме и популарна македонска, балканска и светска музика со што имаме капацитети да одговориме на секаков предизвик. Тоа е дел од нашите караткеристки како бенд – тоа што со врвен квалитет можеме да свириме на разни видови на настапи на коишто се бара разновиден тип на музика.
Покрај вообичаените настапи во различни локали и клубови, во изминатите 10 години редовно свириме на свадбени прослави во и надвор од државата. Особено сме горди и среќни што добиваме доверба од младоженците токму ние да бидеме дел од еден од најбитните елементи на свадбените прослави – музиката. На таа доверба ние возвраќаме со огромна одговорност при подготовката на музичкиот дел од свадбите што резултира со секогаш презадволни младоженци и гости на прославите.
Уште еден дел од нашето искуство што сметаме дека е битен дел во нашето функционирање и созревање како сериозен бенд во Македонија е телевизиското и фестивалското појавување. Би ги издвоиле појавувањата во едни од најгледаните телевизиски емисии како што се “Мерак меана”, “Улица Македонија”, “Вечер со Тијана” и настапите на “Пиво ленд” и “Тиквешки гроздобер”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *