March 25, 2024

Сигурни сме дека голем дел од вас изгледале макар една епизода од серијалот „Say Yes to the Dress“.

Забавно е да се гледа како изгледа потрага по совршениот фустан, но честопати има ситуации во кои веројатно секој од нас се нашол за време на шопинг (дури и кога не е венчаница во прашање).

Ренди Феноли

…беше еден од омилените ликови во серијалот,а за сајтwhowhatwear.com откри каде невестите најмногу грешат кога ја бараат венчаницата од соништата Во Клајнфелд работев пет години, а во салонот доаѓаат на годишно околу 18.000 невести. Јас сум се среќавал со најмалку 15.000 од нив“, вели Феноли.

Значи, само во оваа куќа услужил преку 75.000 невести, а кога на тоа ќе додадете дека има кариера од 26 години, во кои во 90-тите имаше и патувачко шоу исто така за невести, и повеќе од компетентен е да зборува на оваа тема.

А еве и што вели:

1.Невестите

…грешат кога однапред не поставуваат „правила“ на однесување на нивната придружба. Барањето венчаница е навистина уникатно искуство.

Не ми е познато дека кога купуваме било што друго викаме со нас други да ни кажуваат мислења, бидејќи тоа треба да биде нешто лично. Кога купувате куќа или кола, не ја носите свекрвата или сестрата или колегата од работа за да донесете одлука.

Затоа, и кога купувате венчаница нема потреба да носите цела чета со вас.2.Оние што ќе дојдат со вас исто така треба да се свесни за буџетот што го планирате и да го почитуваат тоа. Ако ви предлагаат поскапи варијанти од тоа што вие сте го планирале, тогаш треба тие да ви го овозможат тоа, во спротивно треба да се повлечат.

3.Придружбата

…треба да знае дека е привилегија тоа што сте ги повикале да купувате заедно венчаница. Се грижите за нив, ги сакате и сакате да бидат дел од тоа искуство заедно со вас. Токму затоа треба да знаете дека тие треба да ви помогнат, а не да ги исполнуваат нивните визии за тоа што тие би сакале да носат. Вие сте тие што се мажите.

4.Стил

Пред да се впуштите во потрага по совршената венчаница, размислете како сакате да изгледате тој ден и во каков стил ви е венчавката. Тоа ќе биде појдовна и многу олеснителна точка во потрагата.

Одлучете се дали сакате да изгледате романтично во бохо стил, секси, класично или модерно. Така ќе останете на вистинскиот пат.

5.Време

Шест до осум месеци е идеално време за да почнете да го барате совршениот фустан. Има невести што доаѓаат во салон и велат: „Се мажам за месец дена“. Тоа значи дека венчаницата ќе мора да ја одберат веднаш и да се задоволат со тоа што е во понудата во моментот.

6.Не експериментирајте

…со стилот во очи на венчавката. Ретки се невестите што ќе одберат нешто различно и добро ќе изгледаат и ќе се чувствуваат во тоа. За овој посебен ден за вас, одете на сигурно. Бирајте кроеви за кои сте сигурни дека добро ви прилегаат и стил кој е карактеристичен за вас. Венчавката е ден кога треба да бидете најдобра верзија од себеси.

извор Фашионел.мк