April 25, 2024
  1. Фустан во кој се чувствувате непријатно
    Ако сте виделе на интернет, во списание или продавачката во продавницата ви предложила модерна венчаница со деколте до пупак, гол грб или голем шлиц, во што не се чувствувате убаво, тоа е знак дека таков модел не е за вас.

Ако не сакате големи деколтиња, или не ви се допаѓаат такви моменти на фустанот, не водете сметка за моменталниот тренд, бидејки на денот на свадбата непријатноста ке ви биде 10 пати поголема. Најдобро одбере модел кој најдобро ке ве опише како личност.

  1. Фустанот уште на пробата е ‘непослушен’
    За време на потрагата по венчаница ке бидете во искушение да пробате што повеке модели, од кои ке има и такви што на изглед ке ви се допаѓаат многу, но ке ви бидат неудобни. Па, ако не ви е пријатно уште на пробата, замислете како ке ви биде во текот на цела вечер?

Фустан во кој не можете да дишете, оној кој постојано морате да го поткревате или да го местите или оној кој ви е предолг и во него не можете да направите ни два чекора, само ке ви зададат маки.

  1. Фустанот е прекап за вас
    Најчестото прашање кое се поставува при купување на венчаница е: ‘Колку најмногу би можела да си дозволам да платам?’ Фустаните на познатите дизајнери се најчесто оние кои ни привлекуваат најмногу внимание, но нивната цена може да биде многу висока.

Подигнување нов кредит или трошење на целата заштеда за позајмување или купување на венчаница која ке ја облечете само еднаш, не е најдобро решение за кое брзо после тоа може да пожалите.

Денес постои голем број домашни дизајнери, кројачи и салони кои го пратат трендот, знаат што се носи и како да ископираат најнова колекција венчаници. Нивната цена значително е поприфатлива. Исто така, својот фустан од соништата можете да го пронајдете и во online продавниците. Сепак најдобриот избор на венчаници е секогаш е на Саемот за венчавки кој оваа година има 10 јубилеј