May 16, 2024

ador gold

На која возраст ќе влезете во брак никогаш однапред не се знае. Но она што го знаеме се статистичките податоци кои ни покажуваат еден просек на возраст во која најчесто се кажува Да. Па така во Македонија просекот на склучени бракови варира од година во година, доколку не ги земеме во предвид годините на пандемијата тогаш бројот на склучени бракови за една година се движи од 13000 до 14500. За враме на пандемијата таа бројка се намали за 25% и беше околу 10 000 бракови во 2020 год. Статистчки најмногу бракови се склучуваат во јуни и август, а најмалку во март и април (велигденски пости). Прв брак склучуваат 92,8% од мажите, а кај жените таа бројка е малку поголемма 94,1%. Во вкупната бројка на склучени бракови околу 6,5% се втори бракови, а ги има и оние со трет брак од 0,6 %. Најголем број бракови 32.9 %, кај жените се случиле во старосната група од 20 до 24 години, додека кај мажите се случиле 36.8 % во старосната група од 25 до 29 години. Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27 години за невестата и 29.7 години за младоженецот. Кога сме кај разводите, тие се околу 10% од вкупната бројка на склучени бракови, што би значело дека 1 од 10 брака е неуспешен. Најмалку бракови се разведуваат во мај, а најмногу во јули. Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години. Според траењето на бракот, најмногу разводи, 324 или 20.7 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *