Знаете како зборуваат по филмовите “па што ако не се знаеме доволно, цел живот е пред нас” но по се изгледа не мислат така само сценаристите на филмовите. Шансите за опстанок на брачната заедница не лежат во тоа колку време сте поминале пред тоа заедно ниту во силните емоции туку во тоа колку сте спремни за брак.
Сигурно познавате барем еден пар кои биле заедно 10 години и ништо, а потоа во рок од неколку месеци нашле нови партнери, склучиле брак и веројатно имаат и деца.
Можеби познавате и некои кои едноставно се заљубиле и уште од првиот момент знаеле дека се еден за друг, потрагата е завршена и немаат што да чекаат. Се венчале, сеуште се заедно и делуваат задоволно и исполнето.
Испитувањата покажале дека дури 60% од мажите веруваат во љубов на прв поглед , додека жените се поскептични и околу 40% сметааат дека тоа е повеќе од минлива симпатија.
Искуствата од брачни парови но и од стручњаци кои се занимаваат со брачна психологија, покажуваат дека браковите кои се склучени после кратко познанство имаат исти шанси да опстојат како и сите други. Самата решителност да се стапи во брак, да се прифати одговрноста за заеднички живот ги тера паровите да се трудат да изградата однос на решавање на проблеми поради кои ако се во врска најверојатно би раскинале или би се налутиле. Некои работи кои во врска би биле непростливи во бракот од истите причини не би прекинале, едноставно премногу е вложено во однос, емоции и труд за да се откажете.
Спремноста за брак, како главен фактор, подразбира емотивна и психичка зрелост која не е секогаш поврзана со годините и искуството, но често Е.
Зрелите личности нема така лесно да се одлучат за брак, тие сакаат да го запознаат партнерот и да бидат сигурни дека нивната релација ќе се развива, но исто така нивното искуство и сигурноста што ја носи тоа ги прави да бидат поодлучни.
Секој кој влегува во љубовен однос, ризикува, секој кој влегува во брак го подигнува влогот и ризикува уште повише.
Гаранција за успешен, стабилен и долготраен однос не постои. Доколку сте подготвени да ги прифатите ризиците и предизвиците, да се снаоѓате во промените кои бракот ги носи (формирање на семејство), веројатно сте спремни. Но доколку сметате дека не сте подготвени и дека во суштина нема човек кој може да се подготви за таков чекор, значи дека сте искрени кон себе што ве прави доволно стабилни и зрели да го прифатите ризикот.
Некои врски кои траеле со години, се распаднале кога се претвориле во брак. Некои средношколски заљубувања и ден денес се во стабилен брак. Најголеми љубови не се ни приближиле до брак. Некои љубови на прв поглед, се изгасиле на вториот, а некои прераснале во брачни заедници кои зрачат од љубов и среќа.
Поставете си го прашањето дали сте или не сте спремни и дали кога би бирале повторно би го направиле истиот избор?!