May 12, 2024
прва брачна ноќ

прва брачна ноќ

Најдобриот дел од свадбата можеби ќе Ви биде оној дел по замнувањето на гостите, кога само вие двајца ќе останете заедно во спалната соба. Дури и ако сте заедно со години, оваа ноќ е и треба да биде посебна. Но, тоа не значи дека треба да поставите превисоки очекувања. Прочитајте како засекогаш да ја запомните првата брачна ноќ.

Како засекогаш да ја запомните првата брачна ноќ

Најдобриот дел од свадбата можеби ќе Ви биде оној дел по замнувањето на гостите, кога само вие двајца ќе останете заедно во спалната соба. Дури и ако сте заедно со години, оваа ноќ е и треба да биде посебна. Но, тоа не значи дека треба да поставите превисоки очекувања. Прочитајте како засекогаш да ја запомните првата брачна ноќ.

1. Флертувајте во текот на свадбата

Иако сте зафатени со пречекување на гостите, учество во церемониите итн., одвојувајте по некоја минута да си кажете по некој убав збор, но и да ја зголемите возбудата во пресрет на вечерта..

2. Исполнете ја спалната соба со убави мириси

Мирисите директно се поврзуваат со центарот за емоции во мозокот, каде што можат да стимулираат спомени, емоции и расположенија. Токму затоа е важно собата да биде исполнета со оние мириси што Вам Ви се најпријатни и ќе создадат незаборавна атмосфера.

3. Пренесете ја сопругата преку прагот

Сопругот треба да ја пренесе сопругата преку прагот. Иако се работи за подзаборавена традиција, можеби дури и клише, во мигот, тоа ќе изгледа како најромантичниот гест.

4. Соодветна музичка подлога

Подгответе ги омилените песни на партнерот и пуштете ги тивко штом ќе влезе во собата. Музиката знае да разбуди длабоки емоции.

5. Облечете нешто секси

Можеби нежната, мека, свилена долна облека не е најновата идеја на светот, но таа секогаш го постигнува посакуваниот ефект – незаборавна ноќ со партнерот.

6. Направете „љубовен список“

Запишете ги сите нешта што ги сакате за партнерот (или дури снимете видео). Тој нека го стори истото. Овој потег дополнително ќе Ве зближи.

7. Хранете се меѓусебно

Ова е одличен начин да станете интимни, пред да бидете интимни. Случајните допири додека си подавате јагоди со чоколадо ќе Ве излудат. Немојте да се изненадите доколку не стигнете да ги изедете сите.

8. Користете афродизијаци

Искористете ја храната за која е докажано дека влијае на либидото. Обидете се со: чоколадо, мед, кикирики, итн.

9. Играјте „најдги го слаткото“

Играта е едноставна – ставете му превез на партнерот, а потоа на некој дел од телото намачкајте течно чоколадо, мед, карамел или друг вид течни слатки и оставете го да го најде, користејќи го само сетилото за вкус.

10. Нарачајте си масажа

Нарачајте масажа за двајцата, во хотелската соба, веднаш по свадбата. Тоа ќе го ублажи заморот од стоењето на нозе и играњето и во целост ќе ве релаксира. А потоа – препуштете се на имагинацијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *