April 19, 2024

Врските се понекогаш доста чудни и разочарувачки. Дечкото кој вчера беше и изгледаше супер со тебе веќе следниот ден те разочара. Еве неколку показатели кои ако ги има не се мисли, земај го.

  1. Се дружи со твојата фамилија

Доколку твојот избраник доброволно тргнува за да ги посети твоите членови на семејството, тоа покажува дека тој е во вашиот живот за подолги дестинации. Тој сака да ги запознае луѓето кои можеби ќе станат и негови втори родители.

  1. Те прашува за моден совет.

Можно е да мисли дека си некаков фешн гуру, но шансите дека сака да ви се допадне се многу поголеми. Во ваквите моменти потрудете се и вие.

  1. Доаѓа со вас и на здодевни работи

Да не се лажеме секојдневието носи и здодевни обврски. Но доколку тој инсистира да дојде со вас до банка или самопослуга верувајте тоа не е затоа што му е интересно, тој сака да помине што е можно повеќе време со вас.

  1. Поправа работи по вашето станче

Еден од начините на кој мажите сакаат да ја покажат својата вредност пред жените е да се покажат корисни. Не го спречувајте во обидите нешто да поправи или замени и охрабрувајте го дури и да трапав. Оној на кого не му значите нема ни да се обиде.

  1. Сака да зготви за тебе

Можеби не е добар готвач, но самото тоа што сака да се обиде е за пофалба. А ако е добар тогаш уште подобро. Со ваквиот гест сака да покаже дека ќе се труди да биде добар сопруг.

6. Планира патувања и помни датуми

Повеќето од мажите знаат да подзаборават важни датуми. Но доколку вашиот планира изненадувања, заеднички патувања и помни некоја песна на која сте се забавувале е тој е заљубен маж.

  1. Ги слуша вашите приказни и помни детали од нив

Во врската е многу важно да имаш соговорник кој ќе биде и добар слушател. Обидете се понекогаш со детали кои сте ги раскажале да видите дали ги помни, ако е така тоа е тоа.

Драги наши ако вашето момче ги прави овие работи да не се двоумите ни за секунда Тој Е Тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *