Max Mara Le Parfum – мирис што се носи како невидливо палто
Постојат модни детали што ги забележуваме веднаш – кројот, материјалот, чевлите, чантата. А постои и еден што не се гледа, но често се памети најдолго – мирисот.
Добро избраниот парфем може да биде исто толку препознатлив дел од личниот стил како омиленото палто или моден додаток. Токму на таа идеја се потпира новиот Max Mara Le Parfum – мирис инспириран од еден од најпознатите симболи на италијанската модна куќа, легендарното Max Mara палто.
Замислен како своевидно „невидливо палто“, парфемот ја пренесува препознатливата елеганција на брендот во мирисна композиција која е женствена, топла и современа.
Max Mara Le Parfum ја отвора својата композиција со тубероза, преку комбинација на кремастиот апсолут од Гватемала и свежината на туберозата од Грас. Во срцето доаѓаат ноти на ванила, додека базата ја сочинуваат сандалово и кедрово дрво од природно потекло, кои му даваат топлина и подлабок, современ карактер.
И шишето ја следи истата приказна. Неговата скулптурална форма е инспирирана од силуетата на легендарното палто на Max Mara, додека врзаниот ремен и златното копче се претворени во детали на дизајнот, надополнети со препознатливата камел нијанса на Max Mara.
Покрај изгледот, внимание е посветено и на практичноста – шишето е дизајнирано за повторно полнење, со што е замислено да остане дел од колекцијата подолго време.
Eau de Parfum е создаден со висококвалитетни состојки, од кои 90% се од природно потекло, а формулата е веганска и долготрајна.
Препорака од „Во Бело“
За оние што сакаат елегантни, женствени и топли мириси со модерен карактер, Max Mara Le Parfum е интересен избор и за секојдневни комбинации и за посебни пригоди. Посебно би им се допаднал на жените кои сакаат парфемот да се чувствува како дел од нивниот стил, а не само како уште еден beauty производ.
За целосно мирисно доживување, линијата е надополнета со Max Mara Le Parfum Body Lotion, кој може да се користи пред нанесувањето на Eau de Parfum на пулсните точки и да придонесе за поинтензивна и подолготрајна мирисна трага.
Max Mara Le Parfum така ја продолжува приказната за препознатливиот стил на брендот – овојпат преку мирис кој, исто како добро избраното палто, останува личен потпис.