Алесандра Амбросио на 45 години во минијатурно бикини на Бали

Алесандра Амбросио на 45 години во минијатурно бикини на Бали

Поранешниот ангел на „Victoria’s Secret“, Алесандра Амбросио, уште еднаш покажа зошто со децении важи за една од најатрактивните жени во светот на модата. Бразилската убавица ужива на Бали, а нејзините најнови фотографии во бикини предизвикаа вистинска лавина од комплименти.

На 45 години, Алесандра Амбросио не престанува да привлекува внимание. Славната манекенка сподели фотографии од својот егзотичен одмор во Индонезија, каде што ужива во сонцето, морето и романтичните моменти со својот свршеник Бак Палмер.

За оваа прилика таа избра минијатурно бикини со зебрест дезен и портокалови детали од брендот Fae, кое совршено се вклопи во тропскиот амбиент.

Алесандра Амбросио на 45 години во минијатурно бикини на Бали
Алесандра Амбросио на 45 години во минијатурно бикини на Бали

Без впечатлива шминка, со пуштена коса и опуштен изглед, Алесандра покажа дека за ефектна фотографија не се секогаш потребни гламурозни фустани и професионален стајлинг.

Фотографиите веднаш го привлекоа вниманието на нејзините следбеници. Комплиментите се нижеа, а меѓу оние што реагираа беше и официјалниот профил на „Victoria’s Secret“, од каде што со симпатичен коментар покажаа дека не ја заборавиле својата поранешна ѕвезда.

Алесандра Амбросио на 45 години во минијатурно бикини на Бали
Алесандра Амбросио на 45 години во минијатурно бикини на Бали

Но, зад фотографиите се крие и љубовна приказна.

На Бали Алесандра е во друштво на својот свршеник, австралискиот дизајнер на накит Бак Палмер. Двојката ја објави свршувачката во август годинава, по романтично запросување во Индонезија.

На Бали Алесандра е во друштво на својот свршеник, австралискиот дизајнер на накит Бак Палмер
На Бали Алесандра е во друштво на својот свршеник, австралискиот дизајнер на накит Бак Палмер

Алесандра има две деца, Ања и Ноа, од претходната врска со бизнисменот Џејми Мазур.

Иако одамна ја заврши својата долгогодишна улога на ангел на „Victoria’s Secret“, таа продолжува да биде активно присутна на модната сцена.

А судејќи според најновите фотографии, Алесандра нема намера да се откаже од модните предизвици, ниту од уживањето во животот.

About The Author