Арина Сабаленка во провокативна модна комбинација привлече огромно внимание. Погледнете ги фотографиите на познатата тенисерка во креации на Гучи.

Арина Сабаленка во провокативна модна комбинација привлече огромно внимание. Погледнете ги фотографиите на познатата тенисерка во креации на Гучи.

Една од најдобрите тенисерки во светот, Арина Сабаленка, повторно го привлече вниманието, но овој пат не со моќните удари и победите на тенискиот терен, туку со фотографии на кои изгледа како вистинска модна ѕвезда.

Белоруската тенисерка, која има 28 години, покажа дека одлично се снаоѓа и пред фотографските објективи. Во пресрет на завршниот ВТА-турнир во Индијан Велс, Калифорнија, Сабаленка позираше во смела модна комбинација која предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

За фотографирањето избра црвен краток топ, црно кожено мини здолниште и впечатлива црвена јакна. Комбинацијата ја дополни со црвени чорапи и црни чевли со високи потпетици.

Интересно е што јакната, здолништето и модните додатоци се од модната куќа „Гучи“, додека спортскиот топ е од „Најки“. Стајлингот е дело на Даниул Браун, кој се погрижи за модниот изглед на тенисерките во пресрет на турнирот.

Арина Сабаленка
Арина Сабаленка

Фановите не ги штедеа комплиментите

Фотографиите брзо го привлекоа вниманието на нејзините следбеници, кои ја пофалија нејзината самоувереност и впечатливиот стил.

Но, зад гламурозните фотографии стојат години напорни тренинзи, дисциплина и откажувања. Сабаленка е позната по исклучително интензивниот тренажен режим, кој понекогаш подразбира и по два тренинга дневно.

Таа во интервјуа често зборува за важноста на менталната сила и за својата желба да ги инспирира луѓето никогаш да не се откажуваат од целите.

Арина Сабаленка
Арина Сабаленка

Од тенискиот терен до модните писти

Сабаленка одамна не е само спортска ѕвезда. Во септември годинава дебитираше и на модната писта во Милано, носејќи креација на „Гучи“, со што покажа дека модата станува сè поважен дел од нејзиниот јавен имиџ.

И додека на теренот е препознатлива по силните удари, експлозивната игра и борбениот карактер, надвор од него сè почесто ја гледаме во гламурозни комбинации кои би им прилегале и на светските супермодели.

Арина Сабаленка очигледно има талент за уште една дисциплина – освојување на вниманието, и тоа без тениски рекет во рацете.

About The Author