Холивудската актерка Дакота Џонсон очигледно има слабост кон музичарите! По раскинувањето на долгогодишната врска со фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, 37-годишната ѕвезда на „Педесет нијанси сиво“ повторно е во центарот на вниманието поради нова романса.
Овојпат станува збор за 36-годишниот рапер и рок-музичар Машин Ган Кели (Machine Gun Kelly), чие вистинско име е Колсон Бејкер, а кој на јавноста ѝ е добро познат и по бурната љубовна приказна со актерката Меган Фокс.
Иако Дакота и Кели сè уште јавно не потврдиле дека се во врска, нивните сè почести заеднички појавувања, романтични вечери и нежни гестови зборуваат дека меѓу нив се развива нешто повеќе од пријателство.
Ја држел за рака и не ја криел нежноста
На 11 ноември, двајцата повторно биле забележани заедно во Лос Анџелес. По посетата на неговото музичко студио, кое го напуштиле во раните утрински часови, Кели внимателно ја фатил Дакота за рака и ѝ помогнал да се симне по скалите.
Истата вечер биле забележани на вечера со пријатели во ресторанот „Тауер бар“, во хотелот „Сансет тауер“.
Според очевидец кој разговарал со магазинот People, актерката и музичарот биле исклучително блиски, седеле еден до друг и разменувале нежности во текот на вечерта.
Кели присуствувал и на проекцијата на нејзиниот краток филм „Flesh Impact“, покажувајќи ѝ поддршка во професионалниот живот.
Дакота во проѕирен фустан и дијаманти од 30.000 долари
За едно од нивните последни излегувања, актерката избрала провокативна црна креација од модната куќа „Валентино“.
Фустанот без прерамки имал целосно проѕирно плисирано здолниште, низ кое се гледала долната облека. Изгледот го дополнила со впечатлив дијамантски накит чија вкупна вредност надминувала 30.000 долари.
Со ова модно издание Дакота уште еднаш покажа дека совршено го комбинира холивудскиот гламур со провокативниот рокенрол стил.
Љубовта наводно започнала на свадбата на Тејлор Свифт
Според американските медиуми, Дакота и Кели се познавале и претходно, но особено се зближиле на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси во јули годинава.
Извори блиски до двојката тврдат дека почнале како пријатели кои често разменувале пораки, а потоа нивното дружење постепено прераснало во романса.
Интересно е што, според еден од изворите, токму Дакота го направила првиот чекор, додека Кели на почетокот бил малку срамежлив во нејзино присуство.
Наводно, ги поврзуваат сличната смисла за хумор и способноста меѓусебно да се насмеат.
Двајцата зад себе имаат големи љубовни разочарувања
Дакота Џонсон беше во врска со Крис Мартин од 2017 година. Нивната љубовна приказна траеше речиси осум години, а во медиумите долго време се пишуваше и за нивната свршувачка. Двојката се раздели во јуни 2025 година.
Од друга страна, Машин Ган Кели имаше бурна и медиумски многу следена врска со Меган Фокс. Двајцата беа свршени, но се разделија кон крајот на 2024 година. Заедно имаат и ќерка.
Сега, по две големи љубовни приказни што завршија со разделба, Дакота и Кели можеби пронашле нов почеток еден покрај друг.
Засега, тие не сакаат да ѝ дадат официјално име на својата блискост.
Но фотографиите на кои се држат за раце, нивните сè почести состаноци и очигледната хемија веќе се доволна причина Холивуд да зборува за една од најинтересните нови романси.