Ен Хатавеј стана мајка по третпат: Фотографиите од Њујорк ја открија најубавата вест!
Само неколку дена откако го прослави својот 44. роденден, холивудската ѕвезда Ен Хатавеј има уште една причина за славење. Оскаровката и нејзиниот сопруг, актерот и продуцент Адам Шулман, го добија своето трето дете.
Убавата вест беше откриена на 17 ноември, кога актерката беше фотографирана за време на прошетка низ Њујорк, носејќи го новороденчето во кенгур-носач на градите. Информацијата за раѓањето ја потврди и американскиот магазин „People“.
Засега се чуваат во тајност полот, името и точниот датум на раѓање на бебето.
Ен и Адам, кои се во брак од септември 2012 година, веќе се родители на два сина – Џонатан, роден во 2016 година, и Џек, роден во 2019 година.
Бременост што ги изненадила и самите родители
Актерката ја објави третата бременост во јуни годинава, преку симпатично видео на Инстаграм во кое за првпат го покажа трудничкото стомаче.
Подоцна, гостувајќи во емисијата на Сет Мајерс, призна дека таа и сопругот биле изненадени од убавата вест, но и пресреќни што нивното семејство ќе добие уште еден член.
Во текот на бременоста, Ен не се повлече од професионалните обврски. Напротив, имаше исклучително активна година, со неколку големи филмски проекти, меѓу кои „Ѓаволот носи Прада 2“ и „Verity“.
View this post on Instagram
Нејзините труднички модни изданија на црвениот тепих привлекуваа големо внимание, а актерката уште еднаш потврди дека е една од најелегантните холивудски ѕвезди.
И покрај огромната популарност, Ен Хатавеј отсекогаш настојувала да го заштити приватниот живот на своите деца. Сега, со уште еден мал член во семејството, за неа започнува ново поглавје – она во кое најважната улога повторно е мајчинството.
