Бела венчаница, бронзен тен и совршен сјај: RIZZ Studio открива што е новиот хит меѓу невестите!
Дали совршениот невестински изглед започнува многу пред облекувањето на венчаницата? Сè повеќе идни невести сакаат природен, рамномерен тен, негувана кожа и свеж изглед без претерана шминка. Токму затоа Spray Tan станува еден од најинтересните beauty трендови во свадбените подготовки. За тоа како да се постигне посакуваниот бронзен сјај без сончање, кога е најдобро да се направи третманот и дали постои опасност од дамки на белата венчаница, разговаравме со тимот на RIZZ Studio, кој ќе биде дел од Wedding Expo Skopje 2027.
Во светот на свадбената убавина се случува интересна промена. Наместо драстични трансформации, сè повеќе невести избираат природен изглед, свежа кожа и третмани што ја истакнуваат нивната индивидуалност.
Токму на оваа филозофија се темели работата на RIZZ Studio, студио за убавина и нега во Скопје, зад кое стои идејата за поинаков пристап кон убавината, со акцент на професионалноста, квалитетот и индивидуалните потреби на секоја клиентка.
Со посебен фокус на професионалниот Spray Tan, студиото се позиционира како препознатлива дестинација за идните невести, но и за жени кои сакаат природен и рамномерен тен во текот на целата година.
За разлика од класичното сончање и солариумот, Spray Tan овозможува визуелно потемнување на кожата без изложување на УВ-зраци. Со правилен избор на нијансата, целта е да се постигне суптилен и природен ефект кој ќе го надополни целокупниот изглед.
Во RIZZ Studio сметаат дека овој третман заслужува поголемо внимание и имаат амбиција да постават повисоки професионални стандарди за неговото изведување во Македонија.
Од јапонски Head Spa до целосна невестинска нега
Но приказната на RIZZ Studio не завршува со Spray Tan.
Според информациите од студиото, тие се првите во Македонија што го вовеле концептот на јапонски Head Spa, третман кој ја обединува професионалната нега на скалпот и косата со длабока релаксација.
Во нивната понуда се и Lash Lift, Brow Lamination, релаксирачки и медицински масажи, со што создаваат концепт во кој убавината, негата и благосостојбата се обединети на едно место.
Особено интересен е нивниот пристап кон свадбените подготовки. Наместо невестата да ги остави сите третмани за последните денови, тимот препорачува внимателно планирање, пробни третмани и избор на процедури кои ќе ѝ овозможат на невестата да се чувствува негувано, релаксирано и самоуверено.

Spray Tan во живо на Wedding Expo Skopje 2027
Посетителите на јубилејното 15. издание на Wedding Expo Skopje, кое ќе се одржи од 19 до 21 февруари 2027 година во хотелот „Александар Палас“, ќе имаат можност одблиску да се запознаат со овој третман.
RIZZ Studio ќе одржи демонстрација на Spray Tan во живо на сцената, при што ќе го претстави процесот на нанесување, изборот на соодветна нијанса и најважните правила за подготовка и нега на кожата.
Тимот ќе биде достапен и на својот изложбен штанд за индивидуални консултации со посетителите.
За новите невестински beauty трендови, тајните на природниот тен и подготовките за свадбениот ден, разговараме со RIZZ Studio.
Интервју со RIZZ Studio за „Во Бело”
1. Кои се најновите трендови во невестинската убавина и колку Spray Tan станува дел од подготовките за свадбениот ден?
Во последните години забележуваме дека невестите посветуваат сè поголемо внимание на целокупниот изглед, а не само на шминката, фризурата и венчаницата. Негуваната кожа, изедначениот тен и природниот сјај стануваат неизоставен дел од невестинската естетика.
Spray Tan веќе е составен дел од свадбените подготовки на многу невести ширум светот, а неговата популарност расте и кај нас. Во RIZZ Studio, невестите претставуваат значаен дел од нашата клиентела за овој третман. Целта не е нужно да се постигне потемен тен, туку да се добие суптилна, рамномерна и природна нијанса која ќе ја надополни целокупната невестинска визија.

2. Што точно претставува професионалниот Spray Tan, како се избира вистинската нијанса и по што се разликува од класичното сончање и солариумот?
Spray Tan е професионален третман за потемнување на кожата без изложување на УВ-зрачење. Со помош на специјализирана опрема, на кожата рамномерно се нанесува формула чија активна состојка, DHA, реагира на површинскиот слој на кожата и создава ефект на природно потемнет тен.
Изборот на нијансата е индивидуален процес. Ги земаме предвид природниот тен, подтонот на кожата, посакуваниот интензитет, а кај невестите и нијансата на венчаницата и целокупниот изглед што сакаат да го постигнат.
За разлика од класичното сончање и солариумот, Spray Tan овозможува постигнување потемнет тен без изложување на штетното УВ-зрачење. Самиот третман трае кратко, буквално 15 минути, а резултатот се развива во текот на следните неколку часа.
3. Дали вештачкиот тен може да остави траги на белата венчаница и како да се избегне тоа?
Идните невести нема потреба да стравуваат дека Spray Tan ќе остави траги на нивната венчаница доколку третманот е направен навреме и се почитуваат инструкциите за нега.
Привремениот козметички бронзер кој се нанесува при третманот може да остави траги на облеката во периодот пред неговото измивање. Токму затоа препорачуваме Spray Tan да се направи најмалку два дена пред свадбата, со што се овозможува целосно развивање на тенот и отстранување на бронзерот, а ризикот од оставање траги се сведува на минимум.

4. Колку дена пред свадбата е идеално да се направи Spray Tan, колку трае ефектот и како треба да се подготви кожата?
Идеалниот период за Spray Tan е два дена пред свадбата. На тој начин оставаме доволно време тенот целосно да се развие, привремениот бронзер да се отстрани и нијансата да добие природен изглед.
На секоја невеста која првпат прави Spray Tan ѝ препорачуваме пробен третман неколку недели пред свадбата. Така можеме однапред да ја утврдиме идеалната нијанса и да избегнеме какви било неизвесности.
Подготовката на кожата е подеднакво важна како и самиот третман. Препорачуваме ексфолијација и депилација најмалку 24 часа претходно, а на денот на третманот кожата треба да биде чиста, без лосиони, масла, парфеми и дезодоранси.
По третманот, редовната хидратација на кожата, избегнувањето агресивни пилинзи и предолгото изложување на вода придонесуваат за подолготраен и рамномерен резултат. Во просек, ефектот трае од седум до десет дена, во зависност од типот на кожата и начинот на нега.
5. Кои други третмани во RIZZ Studio ги препорачувате за идните невести и каков распоред би предложиле во последниот месец пред свадбата?
Во RIZZ Studio веруваме дека подготовката за свадбениот ден треба да биде подеднакво убаво искуство како и самиот ден. Покрај естетските третмани, особено внимание посветуваме на релаксацијата и благосостојбата на невестата.
Јапонските Head Spa ритуали и релаксирачките масажи, овозможуваат невестата да се ослободи од напнатоста и да одвои време за себе во периодот на интензивни свадбени подготовки.
Во последниот месец пред свадбата препорачуваме пробниот Spray Tan да се направи три до четири недели претходно, Head Spa ритуалите и масажите може да се планираат во последната недела, пред финалниот Spray Tan.
Особено е важно депилацијата и ексфолијацијата да се направат најмалку 24 до 48 часа пред Spray Tan, кој треба да биде последниот третман во подготовката на телото, два дена пред свадбата.
Со правилно планирање и индивидуален пристап, невестата може да го дочека својот свадбен ден негувана, релаксирана и самоуверена.
6. Дали и кај нас жените сè почесто го бараат таканаречениот natural bridal glow?
Апсолутно. Забележуваме дека сè повеќе жени сакаат да изгледаат како најдобрата верзија од самите себе, наместо значително да го променат својот природен изглед.
Особено кај невестите, сè почесто се бара суптилен тен, свеж изглед и елеганција која нема да биде дефинирана од моменталните трендови.
Свадбените фотографии остануваат спомен за цел живот, па затоа сметаме дека безвременската убавина секогаш има предност.
Добро изведениот Spray Tan не треба да биде првото нешто што ќе го забележите кај една невеста. Треба едноставно да забележите дека нејзината кожа изгледа убаво, здраво и негувано.

7. Што ќе можат да видат посетителите на Wedding Expo Skopje 2027?
Особено нè радува што RIZZ Studio ќе биде дел од Wedding Expo Skopje 2027 и што ќе имаме можност професионалниот Spray Tan да го доближиме до пошироката публика преку демонстрација во живо.
На сцената ќе го прикажеме процесот на нанесување Spray Tan на модел, ќе објасниме како се избира соодветната нијанса и ќе ги споделиме најважните информации за подготовката и негата на кожата.
Сакаме да ги разбиеме и најчестите предрасуди поврзани со Spray Tan, особено оние за неприродниот портокалов тен, нерамномерното нанесување и оставањето траги.
Посетителите ќе имаат можност и лично да се консултираат со нас на нашиот изложбен штанд, да добијат индивидуални препораки и да дознаат повеќе за подготовките за нивниот свадбен ден.

8. Кои се трите најважни совети за секоја идна невеста?
Планирајте навреме. Не оставајте ги третманите за последен момент и не експериментирајте со нови процедури непосредно пред свадбата.
Изберете професионалци на кои им верувате. Индивидуалниот пристап, квалитетните производи и професионалната техника прават значителна разлика во крајниот резултат.
Бидете најдобрата верзија од себе. Не обидувајте се да изгледате како некој друг на вашиот свадбен ден. Најубавиот изглед е оној во кој се чувствувате самоуверено, удобно и автентично. Сите третмани треба да ја надополнат вашата природна убавина, а не да ја променат.
RIZZ Studio – учесник на Wedding Expo Skopje 2027
19–21 февруари 2027 година
Хотел „Александар Палас“, Скопје
Следете ги на Instagram: @rizzstudioskopje
Влезници за Wedding Expo Skopje 2027: www.mktickets.mk
Повеќе информации: www.vobelo.mk