nicole-scherzinger-thom-evans-2-bb71e946ae0d42af96e745c39a5efed6

Никол Шерцингер и Том Еванс ја раскинаа свршувачката по седум години врска

Никол Шерцингер и Том Еванс се разделија по седум години врска. Веста ја потврди поранешниот рагбист во петокот, на 27 ноември, со кратка објава на Инстаграм. Од неговата порака се дознава дека Никол ја донела одлуката за разделбата.

„Со тешко срце споделувам дека Никол и јас повеќе не сме заедно“, напиша Еванс. Тој раскажа дека верувал во нивната заедничка иднина и дека тешко ја прифаќа разделбата. Додаде дека ја почитува одлуката на Никол и ѝ посакува среќа. Пејачката засега јавно не ја коментирала разделбата.

Размислуваа за венчавка на Хаваи и прослава во Португалија

Никол и Том се запознале во 2019 година на снимањето на „The X Factor: Celebrity“. Таа седела во жирито, а тој настапувал со триото „Try Star“. Во јануари 2020 година за првпат се појавија како пар на црвениот тепих, на забава по доделувањето на Златните глобуси.

Во јуни 2023 година Никол објави две фотографии од запросувањето на плажа. На едната Том клечи пред неа со прстенот, а под фотографиите таа напиша само „Реков да“.

Подоцна истата година, во разговор со радиоводителот Крис Еванс, Никол откри како ја замислувале свадбата. Сакала да се венча на родните Хаваи, а за прославата размислувале за Португалија, земја што и двајцата ја сакале. Во тоа време сè уште ги разгледувале можностите.

 

About The Author