На своето 10то учество на саемот за венчавки Пепика атење ја претстави најновата колекција насловена “Јубилеј” .
Самата колекција е продукт на најбараните модели од страна на сите невести досега и инспиративното искуство на самата Пепика.
Вечерта на отворањето на саемот, најдоброто од Пепика ни го претставаја Христина Ристеска и Марија Саздовска.

Нив досега сме ги гледале како гордо ја носат најстарата и традиционална македонска невестинска носија на најпрестижните сцени ширум целиот свет како членови на Државниот ансамбл за народни песни и игра ТАНЕЦ.

Покрај брзите и точни нозе како професионалени играчи и двете имаат страшна дарба и во своите раце изразувајки се со четка и бои .
Марија како makeup artist во своето студио ги разубавува најубавите прослави на многу девојки, жени и мајки. Таа на отворањето беше во сирена модел со модерен и истовремено сексапилен изглед, изработен од француска, а доработено со бисерна чипка во линии кои му даваат совршена силуета на телото надополнета со додатна сукња во А линија.


Христина Ристеска пак со четка и бои со своите вешти раце ја пренесува на платно својата креативност, инспирација и убавина.
Создава уметнички дела кои доживотно ги красат зидовите на многу семејства. Венчаница која ја носи е со принцес крој, која има гламурозен икралски изглед, изработен со микадо материјал во длабоки фалти, корсет кој ја нагласува половината, надополнет со чипка везена со монистри и кристали.

Пепика атеље е совршен избор за идните невести кои сакаат да изгледаат совршено на најубавиот ден.



