dua-lipa1

По свадбата со Дуа Липа, Калум Тарнер веќе мисли на следниот чекор: „Сакам семејство и деца“

Калум Тарнер отворено проговори за иднината со Дуа Липа и призна дека семејството и децата се меѓу неговите најголеми желби.

Во интервју за Esquire, 36-годишниот актер изјавил дека во следната фаза од животот сака „повеќе од истото“, но со еден важен додаток – сопствено семејство. „Би сакал да имам семејство и да одгледувам деца“, рекол Тарнер.

И Дуа Липа претходно зборувала дека сака деца, но признава дека често размислува како мајчинството би се вклопило во нејзината динамична кариера, турнеите и постојаните патувања. Засега, двајцата не поставуваат конкретен рок, но јасно е дека родителството го гледаат како дел од заедничката иднина.

Нивната љубовна приказна започнала по случајна средба во Лондон, а денес парот сè поотворено зборува за следните големи чекори во животот.

About The Author