ким

Ким Кардашијан во розово ја засени Формула 1: Дојде да го поддржи Луис Хамилтон, а сите гледаа во неа!

Кога Ким Кардашијан ќе се појави на некој настан, тешко е вниманието да остане насочено само кон главните ѕвезди. Така беше и на Големата награда на Сингапур, каде што ријалити-ѕвездата и бизнисменка го поддржа Луис Хамилтон, но со своите модни комбинации предизвика вистинско медиумско внимание.

Додека светот на автомобилските трки беше свртен кон болидите на Формула 1, Ким Кардашијан реши да внесе малку холивудски гламур во падокот.

Наместо препознатливата црвена боја на Ferrari, таа избра нежна пастелнорозова нијанса.

На 10 октомври Ким се појави во проѕирен долг фустан од колекцијата пролет 2024 на Alaïa, со висок изрез околу вратот и долен дел што ја следеше линијата на телото. Изгледот го дополни со розова чанта Hermès Mini Kelly и црни очила за сонце.

Сепак, тоа не беше единствената розова комбинација со која привлече внимание.

За уште едно појавување на тркачкиот викенд, Кардашијан избра винтиџ фустан од Roberto Cavalli, од колекцијата пролет-лето 2003, со цветни мотиви, нагласена половина и впечатлив отвор во предниот дел.

Модните критичари веднаш го препознаа нејзиниот потпис: комбинација од сензуалност, луксуз и облека што не може да помине незабележано.

Љубовта и модата на исто место

Но, покрај модата, медиумското внимание беше насочено и кон нејзината врска со седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон.

Ким беше присутна да му даде поддршка на британскиот возач, а нивните заеднички појавувања продолжуваат да привлекуваат интерес далеку надвор од светот на спортот.

И додека Хамилтон имаше сериозни предизвици на патеката, Ким уште еднаш покажа дека многу добро знае како се освојува медиумскиот простор.

Можеби Ferrari е препознатлив по црвената боја, но овој викенд во Сингапур најмногу се зборуваше за розовата.

А кога Ким Кардашијан ќе одлучи да дојде на трка, Формула 1 добива уште еден спектакл – надвор од патеката.

About The Author