selma-hayek-

selma-hayek-

Салма Хаек има 59 години и блеска без ботокс: ја откри рутината на која ѝ верува со години

Салма Хаек со години важи за една од најнегуваните жени во Холивуд, а денес, на 59 години, и понатаму привлекува внимание со природниот изглед и негуваната кожа.

Актерката повеќепати јавно изјавувала дека не користи ботокс, а грижата за кожата ја поврзува со навиките што ги научила од својата баба во Мексико. Меѓу состојките што ги споменувала е tepezcohuite, растение кое традиционално се користи во Мексико за нега и регенерација на кожата.

selma-hayek-
selma-hayek-

Но нејзината beauty филозофија не се сведува само на креми. Хаек вели дека голема улога во нејзиниот изглед има и медитацијата, која ја практикува редовно и ја поврзува со подобро чувство, релаксација и изглед на лицето.

Наместо постојано да брка нови трендови, Салма со години се држи до едноставен принцип – нега, рутина и што помалку агресивни интервенции.

А судејќи по нејзините најнови фотографии, тој пристап очигледно ѝ прилега.

About The Author