September 22, 2024

Најубавиот месец во годината е мај, а Оле и Трајче се дефинитивно мајски деца. Случајно сретнати пред градинка земајќи ги своите внуци, но за жал без да се запознаат ни раскажа Оле. Јас го приметив и вистински се изнамачив да го најдам, но успеав. Се запознавме на 7ми мај во Мартини, а веќе на 11ти ми беше роденден ќе каже Оле. После 6 години на истиот датум ме побара за жена, а свадбата ја правевме на 10ти мај. Мај е месецот на сите романтичари и луѓе кои искрено веруваат во љубовта. Оле и Трајче навистина се прекрасни во нивната заљубеност која посакуваме да им трае за навек. Оле својот венчален фустан го одбра од новата колекција на “White Angels” и изгледаше совршено.