„Ѕвездата на ‘Stranger Things’

 

Мили Боби Браун стана мајка по вторпат: Со Џејк Бонџови посвоија уште едно дете

Мили Боби Браун и нејзиниот сопруг Џејк Бонџови го проширија семејството.

22-годишната актерка и 24-годишниот Бонџови станаа родители по вторпат, откако посвоија уште едно дете, потврди извор за People. Двојката веќе е родител на посвоена ќерка, која ја добија во август 2025 година.

 

Мили и Џејк и овојпат избраа да ја задржат приватноста околу децата. Тие досега не го откриле името на првата ќерка, ниту го покажале нејзиното лице во јавноста.

Токму Браун претходно објасни дека за неа е многу важно нејзиното дете само еден ден да одлучи дали сака да биде дел од јавниот живот. Таа самата влезе во светот на славата многу млада, па сега сака своите деца да ги заштити од истиот притисок.

Фановите веќе минатата недела почнаа да се сомневаат дека семејството се проширило, откако Мили објави фотографии и видеа на кои се гледа со нивната ќерка, додека Џејк носи baby carrier.

Засега нема повеќе детали за второто дете, а Page Six наведува дека приказната сè уште се развива.

 

About The Author