1787237522758710

 

Нова свадбена професија стигнува и кај нас: Што прави bridal stylist?

Свадбениот стил одамна не е само избор на венчаница и костум. Денес сè повеќе парови сакаат целиот визуелен впечаток да биде усогласен – од облеката и деталите, до боите и атмосферата на свадбата.

Токму тука се појавува улогата на bridal или wedding stylist.

Неговата задача не е да ја организира свадбата, туку да помогне невестата и младоженецот да изгледаат како најдобрата верзија од себе, а нивните комбинации да припаѓаат на иста стилска приказна.

Кај невестата тоа може да значи избор на вистинска силуета, материјали, чевли, накит и модни додатоци. Кај младоженецот – костум, крој, обувки и детали што одговараат на неговата градба и карактер.

Важно е и нешто друго: стилот не значи буквално усогласување. Невестата и младоженецот не мора да носат исти бои или „matchy-matchy“ детали. Поентата е да имаат сопствен идентитет, но визуелно да функционираат заедно.

А сега ваков концепт и кај нас

На македонската свадбена сцена, Goran Yan го претставува THE BRIDAL EDIT – Bridal Style & Image Consulting, концепт на индивидуално стилско советување за невести и младоженци.

Идејата е изборите да не се водат само според трендовите, туку според личноста, пропорциите, карактерот и типот на свадба.

По потреба, консултацијата може да ја опфати и пошироката визуелна насока – од изгледот на младенците до кумовите, деверушите и целокупната естетика.

Како што вели Goran Yan:

„Не сакам да ве претворам во некој друг. Сакам да го препознаам она што е најдобро кај вас и преку стилот да му дадам вистинска форма и личен печат.“

На крајот, можеби најважното прашање веќе не е „Што е модерно?“, туку:

„Што е навистина наше?“

THE BRIDAL EDIT by Goran Yan

My vision. Your signature.
Bridal Style & Image Consulting

About The Author