Саемот за венчавки во своето 12то издание ги опревда очекувањата на над 2500 посетители но и на 40те изложувачи кои навистина имаа што да покажат. Домаќин и водител на настанот оваа година беше прекрасната водителка Сања Савевска која во сите три дена ги водеше индивидуалните ревии, насатапи но често беше и помеѓу гостите и штандовите и со својот шарм допринесе за позитвната атмосфера. Ревијалната вечер се отвори со настапот на гудачкиот оркестар на Пламенка Трајковска со што се даде белег на свеченост и гламур. Водителката Сања се обиде и да запее (не толку успешно) но затоа од публиката и се придружија Три Џентлмени (Трио Џентлмен) и со наш познат евегрин го отворија официјалниот дел на вечерта.
Ревијата познатите во венчаници е секогаш најважниот дел од првата вечер на саемот, па така 20тина наши познати естрадни ликови продефилираа во венчаници, костуми и ексклузивен накит од Адор Голд.
Пред дефилето на сите модели со свој настап се појави и младата и популарна пејачка Барбара Поповиќ. Крајот на вечерта го завршивме со чаша шампањ и во исклучително добро расположение веќе се подготвувавме за сабота и недела.
Куриозитет на вечерта беше кога младо момче ја прекина ревијата и на главниот стејџ ја побара саканата за жена, тоа се случуваше ддодека трите сетри на Марија Костовска ја претставуваа новата колекција Грацибор.
Прекрасната бина која е секогаш дело на високо професионалниот тим на Инфомедиа системи не остана празна и останатите два дена, па гостите кои ги имаше во огромен број уживаа во настапите на Стефан Сакс, Пламенка Трајковска, Харизма Бенд и Хепи енд Бенд, а неделата беше предвидена за модните ревии на Монсоло, Марија Костовска Вајт и Адор Голд. На саемот имаше навситина огромна понуда на се она што е неопходно за да се организира свадбениот ден, доминираа веначниците, а во тој избор идните невести можеа да видат и пробаат фустани од најдобрите македонски дизајнери па се до светски брендови како Берат, Моника Лорети, Даниела ди Марино и др. Идните младенци одбраа и свои фотографи, покани, декорации, разубавување, специјално рачно изработени кондури, одела, кетеринг, слатки ситници па се до аниматори на деца на свадбени прослави. Посебен дојам оставија неколкуте студиа за декорации кои го оплеменија просторот и направија вистинска бајка. Шампањ Ѕидот беше посебна атракција и е совршен избор за пречек на гостите, а фотобутот беше едно од најпосетуваните локации на саемот. На саемот не изостанаа и луксузните парфеми на Мезон ди Парфем, како и подароците од Зептер кои се едни од најпоскауваните за идните младенци.