May 5, 2026
sh2

Колумбиската ѕвезда Шакира приреди спектакл за паметење на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро, настапувајќи на бесплатен концерт пред околу два милиони луѓе.

Една од најголемите поп-ѕвезди на светот, Шакира, одржа огромен бесплатен концерт на легендарната плажа Копакабана во Рио де Жанеиро, привлекувајќи публика каква што ретко се гледа на музички настани. Според градоначалникот на Рио, на концертот присуствувале околу два милиони луѓе.

Настапот се одржа во саботата навечер, на 2 мај 2026 година, како дел од нејзината светска турнеја „Las Mujeres Ya No Lloran“. Шакира го започнала концертот околу 23 часот, со емотивна порака до публиката, потсетувајќи се на своите први соништа да пее во Бразил.

Пред масовната публика таа ги изведе некои од своите најголеми хитови, меѓу кои „Hips Don’t Lie“, „La Tortura“ и познатата BZRP Music Sessions песна, која стана глобален хит. Настанот бил збогатен и со визуелен спектакл, голема сцена и дрон-шоу над Копакабана.

Со овој концерт, Шакира се приклучи на листата светски ѕвезди кои одржале огромни бесплатни концерти на Копакабана, по Мадона во 2024 година и Лејди Гага во 2025 година. Рио де Жанеиро веќе неколку години ја користи оваа локација како сцена за спектакли кои привлекуваат милионска публика и носат голем туристички ефект.

Според локалните власти, концертот не бил само музички настан, туку и голем економски поттик за градот. Се очекува настанот да донесе значителна заработка од туризам, угостителство и придружни активности, а проценките одат до околу 155 милиони долари економски ефек